Народнаја

највисок врв на Урал

Народнаја (руски: Народная; коми: Народа, Народа-Из = „народна“)[1] е највисокиот врв на венецот Урал во Русија, со 1.895 м. Се наоѓа во Ханти-мансискиoт автономен округ во состав на Тјумењската област, 0,5 км источно од границата со Републиката Коми.

Народнаја
Јужно лице на Народна, 2016 година
Највисока точка
Надм. вис.1895 м
Истакнатост1772 м
Заведена какоултра
Географија
Народнаја на карта

Карта

Матичен венецУрал
Искачување
Најлесен патодење

Ова е највисоката точка во европска Русија вон Кавказ и има значајна топографска истакнатост од 1.772 м. Сместена е на уралската вододелница, на самата граница меѓу Европа и Азија. По неа е именувана и реката Народа која тече од врвот кон југоисток и се влева во Об во Сибир. Рекат Косју тече од врвот кон северозапад и се влева во реката Печора во Европа.

Планината е составена од кварцитни и метаморфни шкрилци од протерозоикот и камбриумот. На планината има и неколку ледници. Длабоките клисури при подножјето имаат проретчени шумовити предели од ариш и бреза. Падините се покриени со тундра од горски тип.

Најлесен начин на искачување е по патеката на северозападната падина. Зависно од снегот и мразот, може да се потребни дерези. Јужната стрмина сè уште не ја има искачено никој.[2]

Наводи уреди

  1. „Физико-географическая статистика России“. Архивирано од изворникот на 2014-05-25. Посетено на 2013-06-20.
  2. „Приполарен Урал“. Risk Online. (англиски)

Надворешни врски уреди