Мутланд (германски: Muttland) претставува главниот дел на островот Риген во Германија, исклучувајќи го ригенските полуострови и блиските помали острови.

Мутланд, означен со црвено
Панорама од Ругардтурм (Берген) на североисток

Земјата најмногу се употребува за земјоделство. Тревнатите површини се наоѓаат во многу мало размери. Постојат заштитени природни површини на јужниот дел, кои се означени така поради тоа што тоа се области за одмор на птиците кои се преселуваат. Поголеми градови се Берген на Риген, Гарц и Путбус.

54°23′33.19″N 13°20′44.31″E / 54.3925528° СГШ; 13.3456417° ИГД / 54.3925528; 13.3456417