Мустафа ІIІ (османлиски јазик: مصطفى ثالث Muṣṭafā-yi sālis, 28 јануари 1717 во Одрин - 21 јануари 1774 во Цариград) бил дваесетишестиот султан на Отоманското Царство. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Амина Михришах султан. Го наследил својот роднина Осман III во 1757 година а негов следбеник бил неговиот брат Абдул Хамид I (1774-1789).

   Мустафа III
Отомански султан
Калиф
Владеење30 октомври 1757 – 21 јануари 1774
ПериодЗастој на Отоманското Царство
Полно имеMustafa III
ПретходникОсман III
НаследникАбдулхамид I
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Владеење уреди

Енергичниот Мустафа III се обидел да ја модернизира армијата и внатрешната државна администрација според европската. Сепак овие реформи не биле прифатени од јаничарите. Голем дел од своето владеење го поминал размислувајќи како да ја наполни испразнетата каса, бидејќи знаел дека Руската Империја се подготвува за поредната војна. Мустафа III планирал да го отвори Суецкиот Канал, но не бил успешен во тоа поради недостиг на талентирани државници. Во негово време биле основани академии за математика, навигација и науки. Овој султан водил неуспешни војни со Русија, при што засекогаш ги загубил Молдавија, Влашка и Крим. Во Македонија е познат по тоа што во 1767 подлегнал на барањата на Цариградската патријаршија и незаконски ја укинал Охридската архиепископија.

Се оженил со Михришах султан која го родила идниот Селим III. Починал во Топкапи-сарај.

Во 1766 година се случил голем земјотрес во престолнината Истанбул во кој починале повеќе од 4.000 луѓе. Голем дел од џамиите заедно со Топкапи-сарај биле оштетени. По земјотресот следувало и цунами.