Музеј Садберк Ханим

Музејот Садберк Ханим (турски: Sadberk Hanım Müzesi) е приватен музеј кој се наоѓа на Босфорот, во населбата Бујукдере во Истанбул, Турција. Музејот бил основан од страна на фондацијата Вехби Коч, во спомен на починатата сопруга на Вехби Коч, Саљдберк. Музејот е отворен секој ден освен среда.

Музејот Садберк Ханим
Sadberk Hanım Müzesi
Музеј Садберк Ханим
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Музејот се состои од две одделни згради кои датираат од 19 век. Оригиналната зграда претставува замок или дворец изграден од дрво чија архитектура е инспирирана од европската народна традиција. Зградата била купена од страна на семејство Коч во 1950 година и се користела од нив како летна вила до одлуката да истата се претвори во музеј во 1978 година. Во следните две години таа била реставрирана за да целосно објектот биде пуштен во употреба на 14 октомври 1980 година. Проектот бил подготвен од страна на Седат Хаки Елдем.

Денеска, во музејот се наоѓаат голем број на стари реликви и парчиња од сите периоди и цивилизации кои живееле на овие простори па и пошироко[1].

Наводи уреди

Надворешни врски уреди