1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"
Морски пајаци
Морски пајак Ammothea verenae
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Потколено: Клештари
Класа: Pycnogonida
Латреј, 1810
Ред: Pantopoda
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Фамилии

листата може и да не е целосна:
Ammotheidae
Austrodecidae
Callipallenidae
Colossendeidae
Nymphonidae
Phoxichilidiidae
Pycnogonidae
Rhynchothoracidae
Endeididae

Морските пајаци (Pycnogonida) се суштества со чуден изглед кои живеат во морињата и океаните и обично поседуваат 4 пара на екстремитети за одење, но во некои случаи можат да имаат 5 или 6 пара. Тие практично немаат тело и пробосцис. Овие животни се малку проучувани и малку се знае за нив.

Фосилниот фонд на пикногонидите е многу оскуден, а Paleopantopus maucheri е ранодевонски фосил кој е подобро проучен. И покрај отсуството на цврсти докази, научниците заклучуваат од морфолошките и ембриолошките студии дека пикногонидите се стара линија на животни.

Морските пајаци можат да се најдат насекаде, од крајбрежни тропски води, па до половите. Тие исто така можат да се најдат на длабочини од 7,000 метри, но се далеку почести во поплитки води. Големи се од неколку милиметри, па до џинови со должина на екстремитетите од 75 сантиметри. До доцните 1990-ти постоеле околу 1,000 видови познати на науката и поделени во 8 фамилии и 86 родови. Тие се чести во Средоземното Море, Карибите и околу половите, а не е тешко да се најдат на каменести подлоги.

Морфологија уреди

Типичниот морски пајак изгледа како слаб, тенок пајак кој оди наназад (по што и го добиле името). Нивното тело е многу редуцирано, а има нешто повеќе место на него само колку да се прикачат екстремитетите. Нормално има 4 пара екстремитети за одење, но понекогаш и 5 (кај Pentacollosendeis reticulata, Pentapycnon charcoti) и еден вид со 6 нозе (Dodecalopoda sp.). Релативната големина на нозете кај различни видови варира од еднаква со должината на телото до околу 7 пати поголема од неа. Телото се состои од два региона, цефалоторакс и абдомен. Абдоменот е многу мал.

Телото се наоѓа и добива потпора од неваровников егзоскелет кој е изграден од тенка епикутикула, потенка ектокуткула и помека, пофлексибилна ендокутикула, поради што додатоците се подвижни. На дорзалната страна од цефалотораксот постои очна кула наречена окуларна туберкула. Кутикулата на морските пајаци содржи и многу други јамички и влакна кои првенствено делуваат како тактилни и хемосензорни сетилни органи, меѓутоа денес малку се знае за нивната функција.

Пробосцисот е единствен меѓу хелицератите и иако сите морски пајаци имаат пробосцис, неговата форма и големина е варијабилна од вид до вид. Степенот до кој пробосцисот може да се придвижува е исто така варијабилен, но генерално тој има многу ограничено дорзовентрално движење. Внатрешната структура на пробосцисот, како и алиментарниот канал, се трислојни на напречен пресек, што ги рефлектира усните кои се наоѓаат на неговиот врв. Усните можат да бидат наоружани со заби или не, како што може или не да има игли на врвот на пробосцисот. Пробосцисот се користи за смешување на дигестивните ензими со храната, како и за цицање на храната во цревото.

 
Морфологија на морскиот пајак Nymphon rubrum по G.O. Sars (1895): A и B прозом; C-опистозом; 1-пробосцис; 2-хелицера; 3-палпа; 4-екстремитети за несење јајца; 5-јајца; 6-екстремитети за одење.

Предниот дел на телото (глава) носи два пара на додатоци, како и пробосцисот. Овие додатоци се наречени хелифори и позади нив се наоѓаат палпите. И двата додатока можат да бидат отсутни, како што е кај фамилиите Pycnogonidae и Endeidae. Хелифорите обично (не секогаш) имаат хели на нивниот дистален дел (најоддалечен од телото дел), кои личат на клештите на скорпиите и крабите. Видовите кои немаат хели се ахелати. Хелифорите се кратки телесни додатоци со само еден или два сегменти пред хелата. Хелите варираат во форма и големина кај различните видови и може да поседуваат заби на нивната внатрешна површина. Тие можат да се користат за оттргнување на телото на пленот за време на хранењето, како и за раскинување на храната и придржување кон устата.

Кога се присутни, палпите се генерално подолги отколку хелифорите и обично се состојат од 5 до 10 сегменти, но Nymphonella tapetis има 20. Како животното ги користи овие палпи не е сосема јасно, но се претпоставува дека тие имаат сетилни клетки на своите врвови, а во некои случаи се користат за местење на пробосцисот.