Монголскиот лак е традиционално монголско оружје користено од војската на силното Монголско Царство. Тие се помали од денешните лакови што се употребуваат во Монголија за време на фестивали, особено на Надам фестивалот. Модерните лакови се поголеми и се дизајнирани според манџуриските лакови користени од кинеската војска за време на Кинг Династијата.

Монголски воин со монголски лак

Конструкција уреди

Античките и денешните монголски лакови се дел од азискиот тип на лакови. Основата на лакот е од дрво, со рог на врвовите свртени кон стрелецот. Исто така има има и животинско лепило за да се зацврсти конструкцијата. Лакот треба да чува од вода бидејќи лепилото се распаѓа при контакт со вода. Лакот може да биде прошаран со традиционални фигури и елементи од монголската култура.