Моаите претставуваат камени скулптури на човечки фигури кои се наоѓаат на Велигденскиот Остров, кои пак припаѓаат на државата Чиле. До денеска не е познато кој ги изработил, на кој начин и зошто служиле некогаш овие камења.

Моаи
светско наследство на УНЕСКО

Претходно, за Велигденските острови не се знаело дека постојат илјадници години. Островот бил откриен од страна на холандискиот морепловец Јакоб Рогевен на 5 април 1722 година. До 1888 година, островот не припаѓал никому, за да во таа година го припои Чиле.

Моаите на островот ги има повеќе од илјада на број, а нивната старост се проценува помеѓу 400 и 1000 години. Сите статуи се изработени од вулканска земја. Тие помеѓу себе изгледаат многу слични, но се многу различни по големина. Просечната висина на една статуа е околу 5 метри, но има многу такви кои достигаат и до 20 метри. Една таква фигура тежи околу 100 тони.