За сојузната американска држава видете Мичиген.

Мичиген е едно од петте Големи Езера на Северна Америка, и е единственото од групата кое целосно им припаѓа на САД.[1] Одејќи од југ надесно, тоа се граничи со сојузните држави Индијана, Илиноис, Висконсин и Мичиген. Зборот "Мичиген" првобитно се користел за да се означи самото езеро и се верува дека доаѓа од поимот mishigami на индијанскиот јазик оџибве, што значи „голема вода"[2]

Песочна дина на брегот на езерото Мичиген.

Географија уреди

 
Мичиген и останатите Големи езера.

Езерото Мичиген (43°30'N, 87°30'W) има површина од 57,750 км2, правејќи го најголемото слатководно езеро во САД, најголемото езеро кое целосно и припаѓа на една земја и петтото најголемо езеро во светот. Долго е 494 km, широко 190 km со брегова линија од 2,633 km должина. Просечната длабочина на езерото е 85 m, додека неговата најголема длабочина е 282 m. Тоа се состои од 4,918 км3 вода. Се наоѓа на надморска висина од 176 m, исто како и езерото Хјурон, со кое е поврзано со протокот Мекинак.

Поголеми градови уреди

Околу 12 милиони луѓе живеат покрај бреговите на езерото Мичиген. Многу мали градови во Северен Мичиген се центрирани околу туристичка база која има корист од убавината и рекреациските можности кои ги нуди ова езеро. Овие градови имаат големо сезонско население кое пристигнува од Чикаго и внатрешните градови во Јужен Мичиген. Најјужната точка на езерото е многу индустријализирана. Градови на брегот на Мичиген со население поголемо од 30,000 се:

 
Голема група од капачи на плажата на езерото Мичиген, Чикаго, околу 1925.

Илиноис

Индијана

Мичиген

Висконсин

Наводи уреди

  1. 05, US EPA,REG (25 September 2015). „Geophysical Lake Michigan - US EPA“. US EPA.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. „Superior Watershed Partnership Projects“. Архивирано од изворникот на September 28, 2007.