Михаил Ломоносов

руски научник

Михаил Василевич Ломоносов (руски: Михаил Васильевич Ломоносов, 19 ноември 171115 април 1765)[1]руски научник, писател, академик, енциклопедист, општозналец, кој дал голем придонес во литературата, образованието, науката. Едно од неговите поважни откритија е атмосферата на Венера. Негови сфери на изучување биле природните науки како: биологијата, хемијата, физиката, минералогијата, историјата, филологијата, оптички уреди и друго. Ломоносов исто така бил и поет и извршил влијание во формирањето на современиот руски јазик и литература.

Михаил Ломоносов
Михаил Ломоносов
Роден(а)Михаил Василевич Ломоносов
19 ноември 1711(1711-11-19)
Денисовка, Архангелгородска губернија, Руска Империја
Починал(а)15 април 1765(1765-04-15) (возр. 53)
Санкт Петербург
НародностРусин
Алма матерСанктпетербургшки државен универзитет, Марбуршки универзитет, Славско грчко-латинска академија
ЗанимањеОбласти на изучување: природни науки, хемија, физика, минералогија, историја, филологија, оптички направи и друго. Тој бил и поет.
СопружникЕлизабет Цилх
ДецаЈелена

Тој се смета за еден од првите, заедно со Антоан Лавоазје, кој го откриле законот за зачувување на масата кај хемиските реакции.

Детство и семејство уреди

Ломоносов е роден во селото Денисовка подоцна преименувано во негова чест Ломоносово кое се наоѓа на островот недалеку од Холмогорија на далечниот север од Русија.[2] Неговиот татко Василиј Дорофејевич Ломоносов надежен селанец, риболовец, кој станал сопственик на брод, и се збогатил пренесувајќи стока од Архангелск до Пустозиорск,Соловки, Кола, и Лапонија[2]. Мајкта на Ломоносов, Елена Ивановна Сивкова била ќерка на ѓакон[3].

До својата 10 година останува во Денисовка, кога неговиот татко одлучува дека тој е доволно стар за да учествува во неговите деловни потфати, и Ломоносов почнува да го придружува Василиј во трговските мисии.[3]

Учењето била негова страст, тој не сакал да работи. Жедта за знаење на момчето била незаситна. Неговиот сосед Шубни го научил Ломоносов да чита како момче, и секој момент го поминувал со неговите книги.[3] Своето учење го продолжил кај селскиот ѓакон, С.Н. Сабелников, но и после толку години единствените книги со кој бил во допир биле религиозните текстови. На 14 години му биле дадени копии од Смотрицкиевата Современ црковнославски(граматика) и Магнитскиевата Аритметика.[4] По своите религиозни убедувања Ломоносов бил теист.[5][6]

Во 1724, неговиот татко се оженил за трет и последен пат. Ломоносов и неговата маќеа Ирина немале проблематичен однос. Несреќен дома и со намера да се здобие со повисоко образование кое Ломоносов не можел да го добие во Денисовка, тој одлучил да го напушти селото.[7]

Образование во Москва уреди

 
Ломоносовата куќа во Марбург

Во 1730, деветнаесетгодишниот Ломоносов заминува пешки за Москва, решен да студира.[7] Не многу долго по пристигнувањето, Ломоносов бил примен во Словенската грчко-латинска академија, лажно претставувајќи се како син на свештеник.[8] Поради оваа почетна лага, речиси за малку ќе го избркале од академијата кога истата била откриена неколку години подоцна.[9]

Ломоносов живеел со три копејќи дневно, живеејќи единствено на црн леб и квас, но мишне брзо напредувач во образованието.[10] По три говдини минати во Москава бил испратен во Киев каде поминал една година на Националниот универзитет „Киево-Могиланска академија“. Незадоволен од образованието, се враќа во Москва и ги продолжува своите студии.[10] Ломоносв го завршува своето дванаесетгодишно школување за само 5 години, дипломирајќи како еден од најдобрите во својот клас. Во 1736, Ломоносов бил награден со стипендија од Санктпетербуршкиот државен универзитет.[11] Внесен во своите студии бил награден со двогодишен грант да студира во странство на Марбуршкиот универзитет, во Германија.[12]

Образование во странство уреди

Марбуршкиот универзитет е меѓу најпознатите универзитети во Европа во средината на XVIII век поради присуството на филозофот Кристијан Волф, значајна фигура на германското просветителство. Ломоносов станаува еден од личните студенти на Волф во Марбург. Двајцата филозофи научници, создале врска која многу влијаела во животот на Ломоносов. Помеѓу 1739-1740 студирал минералогија, металургија и рударство во Бергат Хенкеловата лабораторија во Фрајбург, Саксонија, таму тој ги интезивира своите студии на германска литература.[13]

 
Најголемиот мозаик на Ломоносов ја прикажува Битката кај Полтава.

Ломоносов брзо го совладал германскиот јазик, и покрај филозофијата, сериозно започнал да ја изучува и хемијата, откривајќи ги делата на англискиот теолог и филозоф од XVII век Роберт Бојл, и започнал да пишува поезија. Тој исто така развил и интерес за германската литература и особено му се восхитувал на Јохан Кристијан Гунтер. Неговата „Ода за освојувањето на Хотин од Турците” , компонирана во 1739 година предизвикала големо влијание во Санкт Петербург.

За време на неговиот престој во Марбург, Ломоносов често патува со Катерина Цилх која била вдовица.[14] Тој се заљубува во ќерката на Катерина, Елизабет, и тие стапиле во брак во јуни 1740 година.[15] Но, на Ломоносов му било тешко да ја издржува големата фамилија со оскудната и нередовна стипендија што ја добива од Руската академија на науките.Поради очајноста во која се нашол тој решава да се врати во Санкт Петербург.[13]

Враќање во Русија уреди

Ломоносов се враќа во Русија во 1741 година. Една година подоцна станува професор на Руската академија за наука на одделот за физика.[13] Во мај 1743 година, Ломоносов е обвинет и уапсен, и ставен во домашен притвор 8 месеци, откако наводно навредувал различни луѓе од Академијата. Тој бил ослободен и помилуван во јануари 1744, откако се извинил на навредените.[13]

Ломоносов станал редовен член на Академијата, и бил именуван за професор по хемија, во 1745 година.[13] На Академијата ја основал и првата хемиска лабораторија.[16] Желен за надоградување на рускиот образовен систем, во 1755 година, Ломоносов му се приклучува на својот патрон грофот Иван Шувалов во основањето на Московскиот државен универзитет.[16]

Во 1761 г., избран е за странски член на Кралската шведска академија на науките. Во 1764 година Ломоносов е именуван на позицијата државен секретар. Умира една година подоцна во Санкт Петербург. Повеќето од неговите достигнувања останале непознати надвор од Русија долги години по неговата смрт.

Физичар уреди

 
Катерина Велика во посета на Михаил Ломоносов во 1764 година. Слика од Иван Феодоров 1884 година.

Во 1756, Ломоносов се обидел да го повтори експериментот на Роберт Бојл од 1673 година.[17] Тој заклучил дека општоприфатената флогистонова теорија била лажна. Во пресрет на откритија на Антоан Лавоазје, во својот дневник напишал: „Денес направив експеримент во херметички стаклени садови, со цел да се утврди дали масата на металите се зголемува од дејството на самата топлина. Експериментите кои ги забележав на 13–те страни покажаа дека познатиот Роберт Бојл бил во заблуда, зашто без пристап на воздух од надвор, масата на изгорениот метал останува иста“.

Тој забележал дека целата материја е составена од најситни честички - молекули кои се „мешавини“ на елементите - атоми. Во својата дисертација „Елементи на математичка хемија“ (1741, недовршена), научникот ја дава следнава дефиниција: „Елемент е дел од телото што не се состои од било кои други помали и различни тела ... најситната честичка е збир на елементите за формирање на една мала маса.“ Во подоцнежната студија (1748), тој го користи терминот „атом“, наместо „елемент“ и (честички) или „молекула“ наместо „корпускула“.

Тој сметал дека топлината е облик на движење, предлагајќи дека брановата теорија на светлина, придонела за создавањето на кинетичката теорија за гасови и ја изнел идејата за зачувувањето на материјата со следните зборови: „Сите промени во природата се такви што ако се преземе мал дел од едно тело, и се додаде на друго тело, па така, ако количеството на материјата се намалува на едно место, на некое друго место истата се зголемува. Овој универзален закон за природата вклучува законите на движењето, при што движењето на едно тело под дејство на сопствена сила, всушност ја пренесува силата на другото тело со кое во контакт (првпат запишано во писмо до Леонард Ојлер со датум од 5 јули 1748 година, преработено и преобјавено во Ломоносовата дисертација „Разгледување на цврстината и течновитоста на телата“, 1760 година).

Астроном уреди

 
Шема на Ломоносовиот ефект за време на преминот на Венера.

Ломоносов бил првиот човек кој поставил хипотеза за постоење на атмосфера на Венера заснована на неговите набљудувања на преминот на Венера во 1761 година во мала опсерваторија во близина на неговата куќа во Санкт Петербург.[13][18]

Во јуни 2012 година, група од астрономи го повториле експерименталното набљудување на Ломоносов со кое ја открил атмосферата на Венера со стари рефрактори за време на преминот на Венера (5 – 6 јуни 2012 година).[19] Тие заклучиле дека телескопот на Ломоносов бил целосно соодветен за задачата за откривањето на светлината околу Венера надвор од дискот на Сонцето за време на влезот и излезот од Сончевиот диск, со експерименталните техники опишани од Ломоносов во 1761 година.[20] are employed.[21]

 
Дијаграми од Ломоносовата „Изгледот на Венера на Сонцето, набљудувана од Санктпетербуршката царска аакадемија на науките на 26 мај 1761 година“.

Во 1762, Ломоносов го надградил рефлекторскиот телескоп на форумот на Руската академија на науките. Неговиот телескоп имал примарно огледало наместено под агол од 4 степени на оската на телескопот. Ова овозможило создавање на слика на страна од цевката на телескопот, каде набљудувачот би можел да ја види сликата со окулар, без да се блокира сликата. Како и да е, овој изум не бил објавен сè до 1827 година, така што овој тип на телескоп станал пример за сличен дизајн од страна на Вилијам Хершел, т.н. Хершеловиот телескоп.[22]

Хемичар и геолог уреди

Ломоносов бил првата личност што го забележал замрзнувањето на живата. Верувајќи дека природата е под дејство на постојан развој, тој го објаснил органското потекло на почвата, тресетот, јагленот, нафтата и килибарот. Во 1745 година, објавил каталог со над 3000 минерали, а во 1760 година го објаснил создавањето на ледниците.[13]

Во 1763 година ја објавил „Стратификација на Земјата“- што претставува негова најважна работа во областа на геологијата.[23]

Географ уреди

Набљудувањата на Ломоносов за создавањето на ледниците претставувало пионерска работа во географијата. Ломоносов бил близу да ја открие теоријата за континентално пловење,[24] теоретски го предвидел постоењето на Антарктикот (тој тврдел дека ледниците на Јужниот Океан, би можело да бидат формирани единствено на сува почва прекриена со мраз),[25] и создал алатки со чија помош би можело да се напишат и пресметаат правците и оддалеченоста. Во 1764 година организира експедиција ( предводена од адмирал Василиј Чичагов) за да се пронајде североисточниот премин помеѓу Атлантикот и Тихиот Океан пловејќи помеѓу северниот брег на Сибир.[13]

Мозаичар уреди

 
Гробот на Ломоносов на Лазаревските гробишта, лаврата Александар Невски, Санкт Петербург.

Ломоносов бил горд што ја заживеал старата уметност на изработка на мозаици. Во 1754 година, во неговото писмо до Леонард Ојлер, тој запишал дека неговите тригоишни експерименти поврзанис со ефектите на хемијата на минералите во зависност од нивната боја довело до тоа тој да се задлабочи во изработката на мозаиците. Во 1763 година, тој изградил фабрика за стакло која започнала да ги произведува првите мозаици од обоено стакло надвор од Италија. Има четриесетина мозаици кои му се препишуваат на Ломоносов, од кои само двдесет и четири преживеале. Меѓу најдобрите е изработениот портрет на Петар Велики и Битката на Полтава, со димензии од 4.8 × 6.4 метри.[26][27][28]

Поет уреди

Во 1755 година, тој напишал граматика со која извршил реформа на рускиот литературен јазик со комбинирање на страословенскиот јазик со говорниот јазик. За да ги прошири своите литературни теории, тој запишал повеќе од 20 церемонијални оди, особено Вечерен осврт кон величественоста Божја. Тој применил идиосинкратска теорија во неговите поеми – нежните чувства имале потреба од зборови кои ги содржеле самогласки како Е, И и У, додека пак нештата што можат да предизвикаат страв (или „лутина“, „завист“, „болка“ и „тага“) за опис имале потреба од самогласки како О и У. Ова денес се нарекува звучен симболизам. Ломоносов објавил историја на Русија во 1760 година. Тој исто така имал желба да напипе и еп за Петар Велики, кој бил заснован на Енејида од Вергилиј, но не успеал.

Оставнина уреди

 
Руска златна монета од 1992 година.

Неговата внука Софија Константинова (1769–1844) се омажила за рускиот воен херој и државник генералот Николај Раевски. Негпвата пра-правнука била принцезата Марија Волконскаја, сопругата на Декабристичкиот кнез Сергеј Волкански.[29]

Месечев кратер го носи неговото име, како и еден Марсов кратер. Во 1948 година, подводниот гребен во Северноледениот Океан е именуван во негова чест Ломоносов гребен. Московскиот државен универзитет бил преименуван во Московски државен универзитет „М. В. Ломоносов“ во 1940 година.

Ломоносовиот златен медал бил воспоставен во 1959 година и се доделува секоја година од страна на Руската академија на науките на домашни и странски научници.

Улицата „Lomonosova iela“ во реонот Москвас Форштате во Рига е именуван во чест на Ломоносов. За време на советската ера Главната улица во Талин, Естонија, била именувана „Lomonossovi M.“ но од 1991 година е преименувана во Гонсиор по Јакоб Јохан Гонсиор општински советник и адвокат.[30]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. "Lomonosov". Random House Webster's Unabridged Dictionary.
  2. 2,0 2,1 Menshutkin 1952, стр. 11.
  3. 3,0 3,1 3,2 Menshutkin 1952, стр. 12.
  4. Menshutkin 1952, стр. 13.
  5. Galina Evgenʹevna Pavlova; Aleksandr Sergeevich Fedorov (1980). Mikhail Vasilievich Lomonosov: his life and work. Mir. стр. 161. The atheistic direction of Lomonosov's scientific and artistic creativity was not always consistent. His world outlook, just as that of many other representatives of the age of enlightenment, possessed elements of deism according to which God, having created the universe, assumed no control over its development which was governed by the laws of nature. Lomonosov's deism was no chance factor. As Karl Marx aptly put it, deism was the most convenient and easiest way for many materialists of the 17th-18th centuries to abandon religion. |access-date= бара |url= (help)
  6. Andrew Kahn (2008). Pushkin's Lyric Intelligence. Oxford University Press. стр. 130. ISBN 9780191552939. No atheistic conclusions spring from 'The Orb of Day has Set' to reverse Lomonosov's deism, but the poem still intrudes a painful gap between man and nature. |access-date= бара |url= (help)
  7. 7,0 7,1 Menshutkin 1952, стр. 15.
  8. Menshutkin 1952, стр. 16.
  9. Menshutkin 1952, стр. 20.
  10. 10,0 10,1 Menshutkin 1952, стр. 17.
  11. Menshutkin 1952, стр. 23.
  12. Menshutkin 1952, стр. 24.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 Menshutkin 1952.
  14. Pavlova, Galina E., and Fedorov, Aleksandr S. Mikhail Vasilievich Lomonosov: His Life and Work (English Translation). Mir: Moscow, 1980.
  15. Pavlova, Galina E., and Fedorov, Aleksandr S. Mikhail Vasilievich Lomonosov: His Life and Work (English Translation). Mir: Moscow, 1980. ISBN 0-8285-2895-0, ISBN 978-0-8285-2895-5
  16. 16,0 16,1 Cornwell, Neil and Christian, Nicole. Reference Guide to Russian Literature, Page 514. Taylor & Francis: London, 1998
  17. Menshutkin 1952, стр. 120.
  18. Shiltsev, Vladimir (March 2014). „The 1761 Discovery of Venus' Atmosphere: Lomonosov and Others“. Journal of Astronomical History and Heritage. 17 (1): 85–112. Bibcode:2014JAHH...17...85S.
  19. A.Koukarine, et al., "Experimental Reconstruction of Lomonosov's Discovery of Venus's Atmosphere with Antique Refractors During the 2012 Transit of Venus" (2012)
  20. V.Shiltsev, "Lomonosov's Discovery of Venus Atmosphere in 1761: English Translation of Original Publication with Commentaries" (2012)
  21. V.Shiltsev, I.Nesterenko, and R.Rosenfeld, "Replicating the discovery of Venus's atmosphere", Physics Today, Feb.2013 / Volume 66, Issue 2, p.64 (2013) http://www.physicstoday.org/resource/1/phtoad/v66/i2/p64_s1 Архивирано на 4 јули 2013 г.
  22. "On an optic pipe improvement" — Lomonosov M.V. Selected works in two volumes. Volume I: Natural sciences and philosophy. Moscow: Nauka (Science) publishing house, 1986 (руски). Name in Russian: «Об усовершенствовании зрительных труб» — М. В. Ломоносов. Избранные произведения. В двух томах. Т. 1. Естественные науки и филозофия. М.: Наука. 1986
  23. Lomonosov M. V. On the strata of the Earth: a translation of “O sloiakh zemnykh” / translated by S. M. Rowland, S. Korolev. Boulder: Geological Soc. of America, 2012. 41 p. (Special paper; 485)
  24. Life and Death of Alfred Wegener Архивирано на 11 јануари 2008 г. by Alexey Fedorchuk (руски)
  25. Eduard Belcher Prediction of Antarctica by Lomonosov Архивирано на 8 август 2020 г. (руски)
  26. Elena Lavrenova. „Lomonosov biography“. Foxdesign.ru. Посетено на 2 May 2011.
  27. „М. В. Ломоносов: к 300-летию со дня рождения“. narfu.ru. Посетено на 2 May 2011.
  28. ''М. А. Безбородое'' М.В.Ломоносов. Фабрика В Усть-Рудицах“. Grokhovs1.chat.ru. 5 December 2001. Посетено на 2 May 2011.
  29. Sutherland, Christine (1984). The Princess of Siberia: The Story of Maria Volkonsky and the Decembrist Exiles. New York: Farrar, Straus and Giroux. ISBN 0-374-23727-1.
  30. Hamilton, Simon. „A Rambling Dictionary of Tallinn Street Names“.

Надворешни врски уреди