Мита (кечуански: mit'a) била задолжителна јавна служба во Империјата на Инките. Таа била служба во името на раководството на Империјата во вид на работна акција. Во Империјата, јавните служби биле побарувани за општествени проекти како на пример изградба на патишта. Воената служба исто така била задолжителна и сите граѓани кои биле работоспособни морале да посветат неколку денови од годината за таа цел. Инките кои биле мрзеливи биле бесени, каменувани и фрлани во провалија. Поради богатството на Империјата, едно семејство можело 65 дена од годината да работи на своите фарми, додека останатите денови морале да учествуваат во митата. Шпанските окупатори исто така го користеле овој метод за ископување на сребро, главна суровина во нивната колонија.

Цивилизација на Инките


Поврзано уреди

Наводи уреди