Метју Гос

австралиски велосипедист

Метју Харли Гос (англиски: Matthew Harley Goss; р. 5 ноември 1986) — поранешен австралиски професионален друмски и велодромски велосипедист. Негова последна професионална екипа пред пензионирањето била професионалната континентална екипа ОНЕ Про Сајклинг. Првично настапувал во велодромскиот велосипедизам пред да се префрли на друмскиот. Го освоил златниот медал во екипна потера на Светските велодромски првенства UCI 2006 и второто место на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011. Исто така ги има освоено ГП Западна Франција 2010, Милано-Санремо 2011, како и две етапи на Џиро д’Италија, помеѓу другите победи.

Метју Гос
Гос на Џејко Беј Критс 2013
Лични податоци
Цело имеМетју Харли Гос
ПрекарГоси, Шефот (The Boss)
Роден5 ноември 1986(1986-11-05)(37 г.)
Лонсестон, Тасманија, Австралија
Висина1,77[1]
Маса70 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2006 South Australia.com-AIS
Професионални клубови
2007–2009
2010–2011
2012–2014
2015
2016
Тим ЦСЦ
Тим ХТЦ-Колумбија
ГринЕЏ
МТН Кубека
ОНЕ Про Сајклинг
Значајни победи
;Друмски

Голема трка

Тур де Франс
1 ТТТ етапа (2013)
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2010, 2012)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2010)

Еднодневни трки и класици

Милано-Санремо (2011)
ГП Западна Франција (2010)
Париз-Брисел (2009)
Велодромски
Светски првак во екипна потера (2006)
Национален првак во екипна потера (2005, 2006)

Кариера уреди

Гос најпрвин започнал со велодромскиот велосипедизам. Освоил бронзен медал во екипен пласман на Светското велодромско првенство во Лос Анџелес во 2005, заедно со Ешли Хачинсон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ. Потоа, следната година го освоил златниот медал во Бордо со Питер Досон, Марк Џејмисон и Стивен Вулдриџ.

Напоредно со успесите на велодромите, тој ја започнал и неговата кариера во друмскиот велосипедизам со австралиската екипа Southaustralia.com-AIS, која учествувала во бројни трки, кои биле наменети за велосипедисти помлади од 23 години, вклучувајќи ги Либерасион ГП и Трката околу регионите.

Во 2007, станал професионалец со Тим ЦСЦ. Во првите две години како професионалец, освоил две етапи на Трката околу Британија, една во 2007 и една во следното издание и две етапи на Хералд Сан Тур во 2008. Гос завршил втор на Меѓународното првенство Комерцбанк и трет на Делта Профронде. Со ЦСЦ, исто така го освоил екипниот хронометар Ајндховен 2008, екипниот хронометар во UCI ProTour, вклучен во календарот.

На овие трки станал познат по неговата карактеристична брзина, но исто така ги покажал и квалитетите во другите дисциплини, докажувајќи се силен на калдрмата, завршувајќи трет на полукласичната белгиска трка Курне-Брисел-Курне во 2008, потврдувајќи се во 2009 со освојувањето на Париз-Брисел, две етапи на Трката околу Валонија и завршувајќи трет на Гент-Вевелгем.

 
Метју Гос, освојувајќи го Заливскиот класик во 2011

2010 уреди

Во 2010, започнал да вози за Тим ХТЦ-Колумбија. На 16 мај 2010 ја освоил деветтата етапа на Џиро д’Италија[2] и се откажал од трката на 23 мај поради болест. Во август го освоил ГП Уест-Франција, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Исто така, победил во Америка на меѓународното првенство Филаделфија[3] и две етапи на Трката околу Данска.

2011 уреди

Сезоната 2011 ја започнал во Австралија, победувајќи на критериумот Заливски Класик, со победи во првиот и четвртиот круг и во финалето на сите тасмански екипи. Исто така бил втор на Државното првенство. Ја продолжил неговата победничка серија со класикот Кансер Кансил и првата етапа на Тур Даун Андер, бодовниот пласман и завршувајќи втор во генералниот пласман. Потоа ја остварил неговата најголема победа во кариерата, возбудливиот класик Милано-Санремо 2011. Победата се случила кога го поминал последното искачување на трката со водечката група и го отспринтал Фабијан Канчелара од екипата Леопард Трек за освојување на трката.[4]

На 6 септември 2011, било објавено дека Гос ќе се придружи на екипата ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[5]

2012 уреди

Во април, Гос го освоил бодовниот пласман на Трката околу Турција.[6] Тој не победил на ниедна етапа, но бил близу на етапата 4, каде Марк Реншо (Рабобанк) го победил на целта за екстремно мала разлика.[7] Тој постигнал победа на Џиро д’Италија, ја освоил третата етапа откако Роберто Ферари предизвикал несреќа, во која голем број велосипедисти паднале на асфалтот, вклучувајќи го возачот на Тим Скај Марк Кевендиш.[8] Се откажал од Џиро откако завршил на шестото место на етапата 13, објаснувајќи дека сака да се подготви за двете главни цели во сезоната, Тур де Франс и олимписката друмска трка во Лондон.[9] На Тур де Франс 2012, Гос се борел со возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган за зелената маичка, доделувана за најдобар спринтер. Меѓутоа, неговите шанси биле прилични намалени на етапата 12, кога добил казна од 30 бода за опасниот спринт, допирајќи го Саган со неговото лево тркало откако двајцата се бореле до целта.[10] На крај, го освоил третото место во бодовниот пласман зад Саган и Андре Грајпел.[11]

2015 уреди

На 18 септември 2014 година било објавено дека Гос ќе вози за Тим МТН Кубека во 2015 година.[12]

2016 уреди

На 12 октомври 2015 година било објавено дека Гос ќе се премести во ОНЕ Про Сајклинг.[13]

Личен живот уреди

Гос го поддржува развојот на младинците и ги помага програмите на велосипедските екипи во неговата држава, каде тој израснал и ги стекнал велосипедските вештини како јуниор и постепено ја презел улогата на советник на менаџерскиот комитет и екипен амбасадор на велосипедската екипа RECAB во Тасманија од 2009.

Гос се појавил на рекламни паноа во Австралија за Тошиба со колегите од Комонвелтските игри 2006.

Живее во Монте Карло, Монако.[14]

Достигнувања уреди

2004
Светски јуниорски велодромски првенства
1.   Екипна потера
1.   Медисон
2005
1.   Национален првак во екипна потера
1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
2006
1.   Светски првак во екипна потера
1.   Национален првак во екипна потера
1. ГП Либерационе
Вуелта а Навара
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Џиро деле Реџионе
1. Етапа 3 Џиробио
2.   Екипна потера Комонвелтски игри 2006
2. Трофео Чита ди Бреша
2. Копа Чита ди Асти
2007
1. Етапа 3 Трка околу Британија
1. Екипен хронометар Ајндховен
2. Меѓународно првенство Комерц Банк
3. Делта Профронд
2008
Трка околу Британија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
Хералд Сан Тур
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
3. Курне-Брисел-Курне
2009
1. Париз-Брисел
Трка околу Валонија
1. Етапа 3
1. Етапа 5
2. ГП де Денен
3. Гент-Вевелгем
10. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2010
1. ГП Западна Франција
1. Меѓународно првенство Филаделфија
1. Етапа 9 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 Трка околу Данска
2011
1.   Краен пласман Заливски класик
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Милано-Санремо
1. Кансер Кансил Хелплајн Класик
1. Етапа 3 Париз-Ница
1. Етапа 8 Трка околу Калифорнија
1. Етапа 2 Трка околу Оман
2.   Светско друмско првенство
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1.   Спринтерски пласман
1. Етапа 1
8. Класик Лондон-Сари
2012
1. Етапа 3 Џиро д’Италија
1.   Бодовен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
4. ГП Западна Франција
2013
1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2. Кансер Кансил Хелплајн Класик
2014
1. Етапа 2 Беј Класик Серија

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013
  Џиро 126 СО СО СО
  Тур 140 120 152
  Вуелта 138 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Метју Гос“. Орика-ГринЕЏ. GreenEDGE Cycling. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 3 јануари 2014.
  2. „Метју Гос од ХТЦ-Колумбија ја освои етапата 9 со спринт на Џиро д'Италија 2010; Винокуров остана во водство“. VeloNews.com. 17 мај 2010. Посетено на 24 јули 2011.[мртва врска]
  3. Фратини, Кирстен (5 јуни 2010). „Гос стана водач во Филаделфија“. Cyclingnews. Обединето Кралство. Посетено на 24 јули 2011.
  4. „Milan-San Remo 2011: Matt Goss outsprints Fabian Cancellara to win opening one-day spring classic“. The Telegraph. Telegraph Media Group Limited 2012. 20 март 2011. Посетено на 17 август 2012.
  5. Мекграт, Енди (6 септември 2011). „Гос потпиша за ГринЕЏ“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 8 мај 2012.
  6. „Грабовски победи на Трката околу Турција 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 29 април 2012. Посетено на 17 август 2012.
  7. Џејмс Фиш (29 април 2012). „Renshaw Edges Goss by Razor-Thin Margin in Tour of Turkey Stage Four“. TheEpochTimes. TheEpochTimes. Посетено на 17 август 2012.[мртва врска]
  8. Даниел Бенсон (7 мај 2012). „Goss wins crash-marred sprint in Horsens“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 август 2012.
  9. Бери Рајан (19 мај 2012). „Гос го напушта Џиро д'Италија со јули во мислите“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 август 2012.
  10. Samuel Petrequin. „Tour de France: Goss docked points as Millar wins stage, Wiggins retains yellow jersey“. The Montreal Gazette. Canada.com. Associated Press.
  11. Сузан Вестемајер (23 јули 2012). „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 август 2012.
  12. Марк Вотсон (18 септември 2014). „Гос потпиша со Тим МТН-Кубека“. RoadCycling.com. Seven Sparkles International. Посетено на 18 септември 2014.
  13. Stuart Clarke (12 October 2015). „Former Milan-San Remo winner Matt Goss signs for One Pro Cycling“. cyclingweekly.co.uk. Посетено на 4 February 2016.
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-10. Посетено на 2013-03-07.

Надворешни врски уреди