Металци („metalheads“ во англојазични земји) е популарен назив за луѓе кои слушаат хеви метал музика и припаѓаат на хеви метал поткултурата.[1]

Танц уреди

Некои движења на телото се речиси универзални во метал културата, како што се „удирањето со глава“ (англ. headbanging), „скокањето од бина“ (stage diving), шуткањето (moshing, pitting), сурфањето и скокањето во публиката (crowd surfing), и свирањето на невидливи гитари — „воздушна гитара“ (air guitar). Исто така се присутни и разни гестикулации со рака како познатите „ѓаволови рогови“.

Облека уреди

Хеви метал облеката на раните 1980-ти се состоила главно од тексас фармерки, каубојки, црни маици и кожни јакни со навртки и пришивачи на бендови. Долга коса била речиси обврзна.

Во 1990-тите, металската мода малку се променила, во согласност со појавата на поекстремни правци на металот, како дет метал, блек метал и грајндкор, како и под влијанието на гранџ и готик. Црната боја доаѓа повеќе до израз и црни тексас фармерки или маскирни панталони полека ги заменуваат сините тексас, кои сега претставуваат стил на осумдесеттите. Мартинки главно заменуваат каубојки, а наместо јакни со навртки и пришивачи, сите сè повеќе ги носат популарните јакни „виетнамки“.

Иако долгата коса и понатаму останала неразделив елемент на хеви метал културата, во 90-тите станува прифатена и кратка коса или избричена глава, најмногу под влијание на Metallica, Кери Кинг од Slayer и Фил Анселмо од Pantera.[2] За разлика од металците во 80-тите кои најчесто се бричеле, или носеа мустаќи, во 90-тите бради станаа популарни, а посебно т.н. „шилесто брадиче“.

Наводи уреди

  1. Мерием Вебстер - дефиниција за металец
  2. Брендон Стоузи „Heavy Metal: It's alive and flourishing“ In Slate, 19 август 2005.

Поврзано уреди