Во старогрчката митологија, Ментор (грчки: Μέντωρ / Méntōr; Μέντορος)[1] бил син на Алкум, а како постар, пријател на Одисеј. Кога Одисеј заминал да учествува во Тројанската војна го назначил Ментор за чување на неговата палата, и за воспитувач и заштитник на неговиот син Телемах. Кога Атена го посетила Телемах го зазела ликот на Ментор за да се прикрие од додворувачите на Пенелопа, мајката на Телемах.[2] Преобразена во Ментор, го охрабрува Телемах да им се спортистави на додворувачите и да змине во потрага по својот татко.

Кога Одисеј се враќа во Итака, Атена (преобразена во Ментор) зазема облик на ластовица Архивирано на 15 мај 2008 г. и стрелите на додворувачите немаат никаков ефект на него.

Ментор како поим уреди

Првата забележана модерна употреба на зборот може да се најде во книгата „Авантурите на Телемах“ (француски: Les Aventures de Telemaque), од францускиот писател Франсоа Фенелон[3] Во книгата главниот лик е токму овој Ментор. Книгата е издадена во 1699 и била многу популарна XVIII век и модерната примена на зборот може да кажеме дека произлегува токму од тука.[3]

Ова е значењто на денешната употреба на зборот ментор: верен пријател, советник и наставник, или најчесто поискусна личност. Некои професии имаат „менторски програми“ во кои новодојдениците се ставани во пар со поискусни луѓе, кои ги советуваат и им служат за пример во понатамошниот развој. Училиштата честопати нудат вакви програми на новите ученици или на ученици со потешкотии.

Денес менторите нудат компетентност на помалку искусни поединци за да им помогнат да ги унапредат своите кариери, да го издигнат своето образовине и да ги рашират своите познанства. Во многу облсти луѓето имаат придобивки од менторската врска, на пример:

Наводи уреди

  1. Online Etymology Dictionary - Mentor
  2. Homer. Odyssey, Book II, Lines 255 and 268.
  3. 3,0 3,1 Roberts, Andy. (1999) "The origins of the term mentor." History of Education Society Bulletin, No. 64, November 1999, p. 313-329.