Мека научна фантастика

Мека научна фантастика (soft science fiction) е поджанр на научната фантастика (НФ) во која заплетите и темите повеќе се фокусирани на развојот на ликовите и нивните односи и чувства, отколку на деталите на технологијата или законите на физиката.

Photograph of Ursula K. Le Guin standing and reading aloud in a bookshop
Урсула Ле Гвин, една од најзначителните писатели на мека научна фантастика.

Кај меката научна фантастика често се обработуваат мотиви кои немаат научна подлога или современата наука ги смета за тешко остварливи, како телепатијата. Покрај тоа, за разлика од тврдата научна фантастика, кај меката предност имаат општествените науки – филозофијата, психологијата, политикологијата, антропологијата и социологијата.

Подемот на овој жанр е делумно поврзан со шеесеттите и седумдесеттите години на дваесеттиот век.

Терминот понекогаш се користи во пежоративна форма, кога се имплицира дека дадено научно-фантастично дело не е доволно ригорозно во примената на научните сознанија или дека не е „вистинска“ НФ. Наспроти тоа, љубителите на меката НФ понекогаш тврдат дека нивните омилени дела имаат поиздржани прикази на општества, подлабока обработка на ликови и подобро развиени заплети.

Автори на мека НФ уреди

Најпознати автори на мека научна фантастика се:

Поврзано уреди