Мајнинген (германски: Meiningen) — град во средишна Германија, кој се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија. Градот претставува административно седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Се наоѓа на реката Вера, на 30 километри источно од Фулда, преку поранешната внатрегерманска граница.

Мајнинген

Meiningen

Градскиот плоштад на Мајнинген
Градскиот плоштад на Мајнинген
Градскиот плоштад на Мајнинген
Грб на Мајнинген
Мајнинген во рамките на Германија
Мајнинген
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Градоначалник Фабијан Гиздер (СДП)
Основни податоци
Површина 105,65 км2
Надм. височина 287 м
Население 24.722 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 234 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MGN, SM
Пошт. бр. 98617
Повик. бр. 03693
Портал www.meiningen.de
Местоположба на градот Мајнинген во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген
Карта
Карта
Координати 50°33′N 10°25′E / 50.550° СГШ; 10.417° ИГД / 50.550; 10.417
Банкарски згради
Градска црква
Куќа Хенеберг

Мајнинген се смета за културен, судски и финансиски центар на јужна Тирингија и економски се потпира на туризмот и високата технологија. Градот се наоѓа во лингвистичката област на Франконија.

Географија уреди

Местоположба уреди

Мајнинген има средишна положба во Германија и припаѓа на областа Франконија. Градот се наоѓа во долината на Вера, на источниот раб од ридскиот масив Рен, на надморска височина од 280 до 470 метри и е сместен на тромеѓето на Тирингија, Баварија и Хесен. Преку поранешната општина Хенеберг, која станала дел од градот, се граничи со сојузната покраина Баварија, а до хесенската гранична линија има околу 25 километри. Низ целата должина на градот од југ кон север поминува реката Вера, која е притока на Везер.

Мајнинген туристички припаѓа на областа Рен, каде е сместен истоимениот биосферен резерват, на кој припаѓаат местата Херпф, Штепферсхаузен и Требес. Блиски поголеми градови е покраинскиот главен град Ерфурт (80 км) и градот во Долна Франконија, Вирцбург (105 км).

Во 2000 година ја добил титулата „Кју-Сити“ (Q-City) преку истражување под водство на Бернд Штрајх од Кајзерслаутернскиот универзитет, кое сакало да го најде оптималната местоположба на еден град во Германија. По објавувањето, следеле особено тешки критики за изборот на Мајнинген.[2]

Панорамски поглед на Мајнинген

Градско подрачје уреди

Градското подрачје на Мајнинген се протега на 105,65 квадратни километри и на нив шумите заземаат 40%. Населбите и патиштата заземаат површина од 15%. Јадрото на градот има компактно урбано лице.

Градски единици уреди

Градот е поделен на 10 градски делови, од кои на седум административни градски единици: самиот град, составен од Иненштат со историскиот Алтштат, Нордштат, Остштат, Зидштат, Јерузалем, Хелба и Велкерсхаузен, како и шест други единици Драјсигакер, Херпф, Хенеберг со Ајнедхаузен и Унтерхарлес, Штепферсхаузен со Требес, Валдорф и Валбах.

Градска единица Жители Површина во км2
Град Мајнинген 19.298 34,17
Драјсигакер 1.383 7,11
Хенеберг 599 13,20
Херпф 894 18,08
Штепферсхаузен 619 15,76
Валбах 364 5,07
Валдорф 2.090 12,16
Мајнинген (вкупно) 25.247 105,65

Извор: Уред за пријавување жители на Мајнинген (состојба 31.12.2018)

Статистички окрузи уреди

Градските и месните единици до 2018 година биле поделени во 12 статистички окрузи.

Округ Градски дел / Месен дел Жители 2012 Жители 2015
01 Центар / Алтштат 3.120 3.412
02.1 / 02.2 Нордштат 2.241 2.376
03 Нордост 4.406 4.390
04 Нордвест 1.206 1.271
05 Зидост 2.434 2.385
06.1 / 06.2 Зидвест 1.955 1.883
08 Јерузалем 3.100 3.239
09 Хелба 283 290
10 Велкерсхаузен 205 198
Мајнинген (град) 18.950 19.444
07 Драјсигакер 1.321 1.337
11 Херпф 913 913
Места 2.234 2.250
Мајнинген (вкупно) 21.184 21.694

Извор: Градска управа Мајнинген, податоците од 2012 и 2015 (31 декември)

Соседни општини уреди

Градското подрачје се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи од север надесно): град Вазунген (11 км), Утендорф (4,5 км), Киндорф (6,5 км), Рор (6 км), Елингсхаузен (4,5 км), Обермасфелд-Гриментал (4,5 км), Унтермасфелд (4 км), Зилцфелд (6 км), Грабфелд (11,5 км), град Мелрихштат (Баварија, 17,3 км), Ренблик (10 км), Унтеркац/Ванс (12/11 км), Риперсхаузен (6 км) и Мемелс (9 км).

Историја уреди

 
Мајнинген, ул. Бернхард во 1835

Мајнинген бил првпат споменат во 982. Императорот Хајнрих Втори го подарил Мајнинген во 1008 на римокатоличката бискупија Вирцбург и цели 534 години останал дел од Вирцбург. Градот бил првпат споменат во 1230 како град. Мајнинген во 1542 преминал во посед на династијата Хенеберг, а потоа во 1583 на војводствата Ернестин.

Помеѓу 1680 и 1918 бил главен град на Војводството Саксо-Мајнинген. Собирачот на бајки и писателот Лудвиг Бехштајн бил архивист во Мајнинген. Една од принцезите на Саксо-Мајнинген, Аделхајд Луизе Тереза Каролине Амелија фон Саксо-Мајнинген, станала жена на британскиот крал Вилијам IV во 1818. По неа е наречен австралискиот град Аделаида. Првиот дворски театар во Мајнинген се отворил во 1831. Градот бил поврзан со железницата Вера со германската железничка мрежа во 1858. На почетокот на 20 век, постоењето на неколку големи банки довело Мајнинген да стане важен финансиски центар во Германија.

Војводството било укинато на крајот на Првата светска војна. Во текот на Втората светска војна, во Мајнинген се наоѓала болница за воени заробеници. Жестоките воздушни напади на Мајнинген на 23 февруари 1945 убиле 208 луѓе, уништиле 251 куќа и два моста и оштетиле 440 градби. Градот бил окупиран од американските војници во април 1945.[3] Во јули 1945, градот бил приклучен на источната окупациска зона, заедно со остатокот на Тирингија.

По повторното обединување на Германија, Мајнинген станал седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Во 2003 градот бил поврзан со автопатот А71.

Главни знаменитости уреди

 
Руни на Англиската градина во Мајнинген
  • Замок Елизабетенбург, изграден во 1692
  • Замок Ландсберг, изграден 1840
  • Театар Мајнинген, изграден 1909
  • Гец-Хеле, пештарска тура
  • Фабрика за парни локомотиви Мајнинген
  • Англиска градина во центарот на градот
  • Протестантска парохиска црква, започната во 1000
  • Мала палата, изграден 1823
  • Голема палата, изграден 1823
  • Соседство во класичен стил
  • Окрузи во одбрани стилови
  • Некои фахверк куќи
  • Фонтана Бехштајн
  • Фонтана Хајнрих Втори
  • Споменик на Јоханес Брамс

Култура уреди

Театар уреди

Театарот Мајнинген нуди музички театар (опера, оперета, мјузикли), претстави, симфониски концерти, куклени претстави, балет и театар за деца и младинци. Дворскиот театар Мајнинген бил отворен на 17 декември 1831. Бил уништен во 1908 во пожар и бил заменет во 1909 од неокласична градба. Театарот бил наречен „Мајнингер“ (Meininger). Активноста на војводата Георг Втори довела до меѓународна слава. Денес, неговото име е Државен театар на Јужна Тирингија („Südthüringisches Staatstheater“). Има повеќе од 300 вработени и обезбедува огромен простор за опера и драма.

Хофкапеле уреди

Дворскиот оркестар Мајнинген е еден од најстарите и најтрадиционалните оркестри во Европа. Сегашниот оркестар до 68 членови е дел од Театарот и изведува симфонски концерти и концерти за млади и присуствува на оперите.

Дворскиот оркестар бил основан во 1690 од војводата Бернхард Први. Во октомври 1880 започнал најуспешниот период на оркестарот, кој се развил во елитен европски оркестар под водство на Ханс фон Билов. Во неговиот период стигнал Јоханес Брамс во Мајнинген и соработувал со дворскиот оркестар, а понекогаш и бил негов диригент. Други познати диригенти биле Рихард Штраус од 1885 до 1886 и Макс Регер од 1911 до 1914.

Уметничка куќа уреди

Уметничката куќа Мајнинген („Kunsthaus Meiningen“) — културна институција во историската градба на Старата пошта, во фахверк стил. Прикажува изложби на современа уметност и нуди работилници и можности за вработување на локални и странски уметници.

Музеи уреди

Музеите во Мајнинген се состојат од шест културни и историски музеи, кои ја нудат најголемата уметничка збирка во Тирингија. Главниот музеј е во замокот Елизабетенбург („Schloss Elisabethenburg“), поранешна резиденција на војводите на Саксо-Мајнинген.

Најновиот музеј, отворен во 1999, е театарскиот музеј „Магичен свет на бината“ во поранешното школо за јавање близу палатата.

Збратимени градови уреди

Мајнинген е збратимен со:

Пријателски врски постојат и со градот Аделаида во Австралија, поради кралицата Аделаида (кралица на Обединетото Кралство), која е родена и израснато во Мајнинген како принцеза Аделаида од Саксо-Мајнинген.

Луѓе од Мајнинген уреди

Родени во Мајнинген уреди

Познати жители уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „WDR – Die „heimliche Hauptstadt" Q-City“. Архивирано од изворникот на 2020-01-24. Посетено на 2020-04-22.
  3. Тирингија под американска окупација (април до јули 1945), http://www.thueringen.de/imperia/md/content/lzt/thuringia_under_american_occupation.pdf Архивирано на 21 февруари 2014 г.

Надворешни врски уреди