Мајанска митологија

Мајанската митологија е дел од поголема група на митолиогии од Средна Америка. Мајанската митологија воглавно се заснова на приказни и раскажувања каде има персонификација на природните сили и феномени. Останатите приказни со етичка порака не се сметаат за дел од мајанската митилогија.

Извори уреди

Најстарите мајански митови датираат од 16 век и се пронајдени во историските извори во Гватемала. Најзначаен од сите овие е „Попул Вух“ или Книгата на советот, кој содржи приказни за создавањето и авантурите на Близнаците-херои, Хунахпу и Шбаланке.

Јукатан е исто така значаен регион за мајанската митологија. Книгите од Чилам Балам содржат митолошки текстови и митолошки фрагменти се пронајдени кај раноте шпански извештаи кога го колонизирале регионот.

Во 19 век и XX век, антрополозите заедно со локалниот фолклор собрале голем број на митолошки приказни. Поголем дел се за време на шпанското освојување, но некои од нив датираат и пред периодот на колонизација. Денес ова е полесно, зошто самите Мајанци објавуваат книги со приказни од мајанската митологија.

Значајни митолошки теми уреди

Некои од најзначајните теми присутни во мајанската митологија се опишани подолу.

Создавање на светот уреди

Попул Вух го опишува создавањето на земјата од страна на силите на морето и небото. Книгата од Чилам Балам опишува распад на небото проследено со поново раѓање на небото е израснување на Петте светски дрва.

Создавање на човештвото уреди

Попул Вух дава четири описи за создавањето на животот. Во првиот опис се дава објаснување за создавањето на животните, потоа следи создавање на глината/ почвата, потоа следи шумата и на крај човекот. Создавањето на човекот се опишало како отворање на Планината Пченка и од неа излегол човекот проследено со молњи.

Дејства на хероите: Подредување на светот уреди

Најпознатиот митски херој е за победата над смртта и болеста од страна на браќата Хунахпу и Шбаланке. Од иста важност е и победата на молњата од страна на херојот од пченката и создал договор со нив.

Брак со земјата уреди

Оој мит ја опишува врската помеѓу човештвото и житариците. Херојот Шбаланке ѝ се додворува на ќерката на Богот Земја и подоцна жената на херојот е претворена во пчели, змии, инсекти и пченка.

Потекло на сонцето и месечината уреди

Потеклото на сонцето и месечината не било како производ на напоменатиот брак со земјата. Од Чијапаси Гватемала доаѓа приказна за еден Помлад Брат и неговиот љубоморен постар брат. Помладиот брат станува сонце, неговата мајка станува месечина и постариот брат бил претвпрен во диви животни.

Реконструкција на митологијата од пред колонизацијата уреди

Трите преживеани мајански книги се воглавно од ритуален карактер, и содржат малку митски сцени. Не е сигурно дали митските приказни биле претставувани хиерархиски. Токму поради тоа, откривањето и разбирањето на митовите се тесно сврзани со керамиката на кои се претставени или ѕидовите.

Со сигурност е потврдено дека митот за браќата близнаци е од Попол Вух, приказна која кружела и во класичниот мајански период. Понекогаш, античките мајански митови биле зачувани од околните народи, не од самите Маи.

Наводи уреди

John Bierhorst, The Mythology of Mexico and Central America. Oxford U.P. 2002.
Didier Boremanse, Cuentos y mitología de los lacandones. Tradición oral maya. Editorial: Academia de Geografia e Historia de Guatemala.
Gary Gossen, Chamulas in the World of the Sun.
Robert Laughlin, Of Cabbages and Kings.
Karl Taube, The Major Gods of Yucatan. Dumbarton Oaks 1992.
Miller, Mary; and Karl Taube (1993). The Gods and Symbols of Ancient Mexico and the Maya: An Illustrated Dictionary of Mesoamerican Religion. London: Thames and Hudson. ISBN 0-500-05068-6. OCLC 27667317.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Mary Miller; and Simon Martin (2004). Courtly Art of the Ancient Maya. London: Thames and Hudson. ISBN 0-500-05129-1. OCLC 54799516.
Thompson, J. Eric S. (1970). Maya History and Religion. Civilization of the American Indian Series, No. 99. Norman: University of Oklahoma Press. ISBN 0-8061-0884-3. OCLC 177832.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано уреди