Оргазам - (доаѓа од грчки збор orgasmos - сексуален климакс) претставува крај, фаза, одраз (или врв) на еден сексуален чин и е окарактеризиран со чувство на сензационално задоволство. Оргазмот е контролиран од страна на автономниот лимбичен систем и е придружуван со брз циклус на мускулна контракција во долните делови на телесните мускули. Проследен е со мускулна спазма во повеќе делови на телото, често телесно движење и гласовна Оргазмот е окарактеризиран и како автономен психолошки одговор на една сексуална стимулација. Кај мажите се манифестира преку мастурбација на пенис а кај жените преку мастурбација на дразница, или преку заеднички полов однос или акт - секс. Во почести случаи некои поединци доживуваат и симултан оргазам. Чувството после доживувањето на оргазмот е релаксирано како одговор на неврохормонален процес и ослободување на окситоцин и пролактин (погледни: oxytocin , prolactin). Кај двата пола при доживувањето на оргазам, времено се покачува активноста на метаболизмот на разни делови на целебралниот кортекс, а воедно ѕабележително е и покачување на активностите на лимбичните делови на мозокот.