Матријархатот е форма на општество во кое мајките се водачи и управуваат со потомството. Идеолошки, матријархатот претпоставува дека моќта на мајчинската енергија и мајчинската љубов е социјална кохезивна сила.

Венера фон Вилендорф, Фигура на Венера

Евелин Рид тврди дека матријархатот му претходи на патријархатот потпирајќи се на Енгелс и на еволуционистичката теорија, додека други феминистки не го гледаат матријархатот како спротивен на патријархатот, туку како систем заснован на различни принципи. Според други гледишта, матријархатот се дефинира како неотуѓувачко општество во кое жените ги дефинираат условите на мајчинството и на околината на следната генерација, каде што одгледувањето на децата создава доверба. Феминистките ги реинтерпретираа археолошките и оралните докази во грчките митови за да докажат постоење на матријархат, но ставовите се противречни.[1]

Белешки уреди

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.