Марк ван Бомел (роден на 22 април 1977) — поранешен холандси фудбалер кој играл на позиција среден ред и кој во текот на својата кариера настапувал за екипите на Фортуна, ПСВ Ајндховен, ФК Барселона, ФК Баерн Минхен и ФК Милан. Последните години од својата кариера ги поминал во ПСВ Ајндховен.

Марк ван Бомел
Лични податоци
Полно име Марк Петер Гертруда
Андреас ван Бомел
Роден на 22 април 1977
Роден во Масбрахт, Холандија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција среден ред
Младинска кариера
ФК Масбрахт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1999 ФК Фортуна 153 (13)
1999–2005 ФК ПСВ Ајндховен 169 (46)
2005–2006 ФК Барселона 24 (2)
2006–2011 ФК Баерн Минхен 123 (11)
2011–2012 ФК Милан 39 (0)
2011– ПСВ Ајндховен 28 (6)
Репрезентација
2012–2013 Холандија 79 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 13 јуни 2012

За фудбалската репрезентација на Холандија настапил 79 настапи и постигнал 10 голови.

Животопис уреди

Својата кариера ја започнал во родниот град, во тимот на ФК Масбрахт, пред да потпише професионален договор со ФК Фортуна во 1992 година, каде се задржал до 1999 година, кога потпишал за ПСВ. Со тимот на ПСВ станал трипати шампион на Холандија и двапати победник во купот на земјата, а како играч на годината бил избран во 2001 и 2005 година.

По поразот во Лигата на Шампиони во полуфиналето од страна на Милан, тој потпишал за ФК Барселона каде под раководство на неговиот сонародник Франк Рајкард одиграл 23 натпревари и постогнал 2 гола. Со екипата на Барселона станал шампион на Шпанија и Шампион на Европа освојувајќи ја Лигата на шампионите.

Во 2006 година потпишал за Баерн Минхен, каде станал првиот странец кој станал капитен на тимот од Минхен.

Во 2011 година потпишал за италијанскиот Милан, каде во сезоната 2010/2011 станал шампион на Италија. Следната година потпишал за ПСВ Ајндховен, каде ја завршил кариерата.

Надворешни врски уреди