Манама (арапски: المنامة, транслитерација: Ал-Манама) е главен град и најголем град во Бахреин. Во градот живеат околу 155.000 жители. Манама станал главен град на Бахреин, по прогласувањето на независноста не земјата, по периоодите на доминација на Португалија и Персија во историјата. Денес, градот е современ, со економија заснована за развој на иднустријата, при што суровата нафта зема помалку нагласена улога во економијата. Поради својата просперитетна економија, една данска фрима најави изградба на еден облакодер, кој треба да биде повисок од 1 км, наречен кула Мурјан. Моментно, ова е само план, а ако истиот се реализира, тоа ќе биде највисоката структура создадена од човекот, со што би се надминала и висината на облакодерот Бурџ Калифа, иако тоа ќе биде понизок облакодер од кулата Накхил, ако биде изградена.

Манама
المنامة ал-Манама
Хоризонтот на Манама.
Хоризонтот на Манама.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Бахреин" does not existМестоположба на Манама во Бахреин.
Координати: 26°13′N 50°35′E / 26.217° СГШ; 50.583° ИГД / 26.217; 50.583
ДржаваБахреин
областглавна област
Управа
 • гувернерХумод бин Абдула бин Хамад Ал Халифа
Население (2001)
 • Градско162.000
 • Густина5.304/км2 (13,740/ми2)
 • Метро345.000
Мреж. местоhttp://www.capital.gov.bh

Историја уреди

Манама за првпат се споменува во исламски хроники од 1345. Од 1521, со градот запичнуваат да владејат Португалците, а во 1602 градот потпаѓа под персиска власт. Од 1783, со кратки прекини, на власт е династијата Ал-Калифа.

Во 1958, градот е прогласен за слободно пристаниште, а во 1971 година за главен град на независната држава Бахреин. Во 1987 година, во областа Џуфаир била изградена џамијата Ал-Фатих, која е најголемата џамија во земјата и има простор за 7.000 верници.

Географија уреди

Градот се наоѓа во североисточниот дел на Бахреин, на еден мал полуостров, па поради тоа градот им пријатно крајбрежје. Како и во останатио дел од Бахреин, релјефот главно е рамен, а земјиштето е типично како во пустинските области. Во близина на Манама, на островот Ал Мухарак се наоѓа меѓународниот аеродром Бахреин, а градот со островот е поврзан преку железница.

Клима уреди

Како и во целата земја, и во Манама климатските услови се екстремни, со температури кои преку лето достигнуваат до 48 °C, а преку зима се околу 15 °C (59 °F). Просечните температури преку зима се околу 17 °C, а преку лето 45 °C. Врнежите се ретки, но при нивната појава, можна е и појава на град. Најпријатно е времето во есен, кога ултравиолетовото зрачење е послабо, а температурите се попријатни во однос на летото.

Администрација уреди

Манама е дел од управата на главниот град, една од петте области во Бахреин. До 2002, градот беше дел од општината на Ал-Манама. Општински совети постојат, во рамките на управата. Во 2006, во управата на главниот град е гласаше во осум изборни единици[1].

Од лево до десно:
1. Кулите-близначки на бахреинскиот светски трговски центар;
2. Кулите-близначки на бахреинското финансиско пристаниште;
3. Кулата на Централната банка на Бахреин;
4. Кулата Алмојад;
5. ИЗградба во тек на трите кули од проектот Абраџ Ал Лулу.

Стопанство уреди

Манама е централна точка на економијата на Бахреин. И покрај намалувањето на значајноста на нафтата во последните години, во голема мера поради сè помалите резерви, нафтата сепак и понатаму е столб на економијата во земјата, но значењето на тешката индустрија (на пр. топење на алуминиум, поправка на бродови), банкарството и финансиите и туризмот е во пораст. Неколку мултинационални компании имаат административни згради во и околу Манама[2]. Економската основа во Манама ја сочинуваат финансиските услуги, со над двесте финансиски институции и банки, со седиште во центарот на градот и во дипломатскиот дел од градот. Во Сееф, постојат големи трговски центри, во кои се одвива продажбата на мало, а во центарот од градот доминираат малите работилници и трговците.

Превоз уреди

Во градот Ал Хид, на источниот брег беше изградено вештачкото пристаниште Хид (официјално: Пристаниште Калифа бин Салман во Хид). Пристаништето започна со работа во март 2009. Со својот годишен капацитет од 1,1 милион TEU, тоа ќе послужи и за контејнеризација. На најголемиот дел површина од 90 хектари, околу 5 км кејот должина, плус дополнителни 45 хектари површина ќе послужат за современа логистика. Новата фабрика е еден од најмоќните товарни терминали во Персискиот Залив.

Главно превозно средство во Манама и натаму се такси-автомобилите. Во градот има само неколку автобуски линии, но возачите на автобусите, ретко се придржуваат кон распоредот. Ова е последица на големите застои во сообраќајот. Сепак, автобусот и натаму е превозно средство кое го користат туристите. Планови за подобрување на јавниот превоз постојкат, но сè уште не е одлужено кога ќе зсапочнат активностите. За туристите, кои пристигнуваат на аеродромот Бахреин, ангажирани се посебни превозни средства, кои им овозможуваат на посетителите да пристигнат полесно во градот.

Култура уреди

Бахреин не е целосно исламска земја и арапските обичаи не се доминантни. Земјата е привлечна за голем број на странци, кои со своето влијание влијаат врз промената во културата на земјата. Дури една третина од населението се по потекло од странство.[3] Алкохолот во земјата не е забранет и се служи во ноќните клубови во градот.

Образование уреди

Во 1986, во Манама бил отворен универзитетот Бахреин. Оттогаш во градот биле отворени голем број на други универзитети во кои може да се изучуваат речиси сите науки. Голем број од универзитети претставуваат оддели на најпознатите универзитети во светот.

Спорт уреди

Во Бахреин, фудбалот е популарен спорт, а од главниот град Манама, дури 3 клубови се натпреваруваат во бахреинската премиер лига.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Bahrain News Agency - ELECTION 2006 (посетено на 2 декември 2006)“. Архивирано од изворникот на 2010-07-03. Посетено на 2009-09-17.
  2. „CIA World Factbook - Bahrain (посетено на 2 декември 2006)“. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2009-09-17.
  3. - Trip Advisor - Manama Culture (посетено на 2 декември 2006)

Надворешни врски уреди