Македонски претседателски избори (2014)

претседателски избори во Македонија

Македонски претседателски избори (2014) — редовни, петти, претседателски избори кои се одржале на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.[1]

Македонски претседателски избори, 2014
Македонија
2009 ←
13 април (прв круг)
27 април (втор круг)
→ 2019

 
Кандидат Ѓорге Иванов Стево Пендаровски
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Добиени гласови Прв круг
448.303
Втор круг
534.910
Прв круг
326.069
Втор круг
398.076
Удел Прв круг
51,65%
Втор круг
55,28%
Прв круг
37,57%
Втор круг
41,14%


претседател пред изборите

Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за претседател

Ѓорге Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

За избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Кандидати уреди

Следуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:[2]

слика кандидат лични податоци партија начин на кандидатура резултати
1.   Иванов, Ѓорге 2 мај 1960, Валандово ВМРО-ДПМНЕ потписи од граѓани 534.910 гласови
2.   Пендаровски, Стево 3 април 1963, Скопје СДСМ пратенички потписи 398.077 гласови
3.   Поповски, Зоран 8 септември 1962, Скопје ГРОМ потписи од граѓани 31.368 гласови
4.   Халими, Илјаз 1954, Сушиќе, Косово ДПА потписи од граѓани 38.966 гласови

Кандидирање уреди

Актуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.[3]

Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.[4]

Резултати уреди

Прв круг уреди

Првиот круг се одржал на 13 април 2014.[5] Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.[6]

Втор круг уреди

Вториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.

Кандидат Партија Прв круг Втор круг
Бр. на гласови % Бр. на гласови %
Ѓорге Иванов ВМРО-ДПМНЕ 449.442 51.69 534.910 55.28
Стево Пендаровски Социјалдемократски сојуз на Македонија 326.164 37.51 398.077 41.14
Илијаз Халими Демократска партија на Албанците 38,966 4.48
Зоран Поповски Граѓанска опција за Македонија 31.368 3.61
Неважечки ливчиња 23.677 2.71 34.707 3.58
Вкупно 869.547 100 967.676 100
Право на глас/излезност 1.779.572 48.86 1.779.572 54.36
Извор: прв круг, ДИК[мртва врска], втор круг, ДИК[мртва врска]

Наводи уреди

  1. „Дијаспората за првпат ќе гласа на претседателски избори во Македонија“
  2. „Четворица кандидати во претседателската трка“
  3. „ДПА: Повикот на ДУИ за бојкот пропадна“. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 2014-03-02.
  4. Ангелов и Ванковска испаднаа – четворица кандидати во трка за претседател?
  5. Решение за распишување претседателски избори
  6. Десницата слави триумф, за опозицијата борбата не е завршена

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди