Македонска крвава свадба (филм)

Македонска крвава свадба е македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.

„Македонска крвава свадба“
плакат од филмот
РежисерТрајче Попов
СценаристСлавко Јаневски
Главни улогиРисто Шишков
Коле Ангеловски
Вера Чукиќ
Драгомир Фелба
Зафир Хаџиманов
Драги Костовски
Петре Прличко
Љупка Џундева
Јанез Врховец
Вукосава Донева - Варколи
Павле Вуисиќ
Илија Милчин
Чедо Камџијаш
Ристо Стефановски
МузикаКирил Македонски
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар Филм
Премиера1 јануари 1967
Времетраење102 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Кратка содржина уреди

Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.[1]

Улоги уреди

Глумец Улога
Ристо Шишков Осман Бег
Вера Чукиќ Цвета
Зафир Хаџиманов Спасе
Петре Прличко Мојсо
Павле Вуисиќ Поп Дамјан
Јенез Врховец Кузман
Драгомир Фелба Орхан
Коле Ангеловски Дука
Драги Костовски
Љупка Џундева Гина
Вукосава Донева - Варколи
Илија Милчин Валија
Димитар Ќостаров
Мица Орловиќ Конзул
Димитар Гешоски
Ацо Јовановски
Вукан Диневски
Киро Попов
Цветанка Јакимовска
Веска Вртева
Стојка Цекова
Вера Вучкова
Кирил Ќортошев
Мара Исаја
Панче Васоски - Камџик
Борис Бегинов
Таше Кочовски
Предраг Дишљенковиќ
Чедо Камџијаш
Томо Видов
Борис Стефановски
Ацо Стефановски
Тодор Николовски
Ристо Стефановски
Димче Стефановски
Антон Павлов
Владимир Гравчев
Кирчо Божиновски
Ратка Чоревска
Илија Џувалековски
Зоја Пејовска

Награди уреди

Белешки уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Македонска крвава свадба“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.[мртва врска]

Надворешни врски уреди