Македонска абецедарска азбука

Македонска абецедарска азбука или азбука користена во Абецедаротлатинична азбука што се користела во Егејска Македонија за образовни цели на македонското население.[1] Азбуката е користена во Абецедарот, учебник на македонски јазик издаден во Атина во 1925, и повторно печатен во 2006 година но на македонска кирилична азбука. Азбуката е создадена врз основа на битолско-леринскиот дијалект и фонетскиот систем на тој дијалект. Азбуката има две букви што ги нема во македонскиот литературен јазик: Î и Ü.

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Азбука уреди

Абецедарска азбука
A B C Č D E F G H I Î J K L M N O P R S Š T U Ü[2] V Z Ž DZ
Современа азбука
А Б Ц Ч Д Е Ф Г Х И Ј К Л М Н О П Р С Ш Т У нема В З Ж Ѕ Џ

Покрај основната азбука, во букварот се изучувале и неколку диграфи како што се:

ја /ја/, је /је/, јо /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или ој/, oi /ои или ој/.

Наводи уреди

Поврзано уреди