Макасарски Проток

Макасарскиот Проток (индонезиски: Selat Makassra) е проток помеѓу островите Борнео и Сулавеси во Индонезија. Ги спојува Целебеското Море на север и Јаванското Море на југ.

Макасарски Проток во рамките на Индонезија
Местоположба на Макасарскиот Проток во Индонезија

Во протокот се влева реката Махакам на Борнео.

Долж протокот се сместени пристанишните градови Баликпапан (Борнео) и Макасар и Палу (Сулавеси). По течението на реката Махам е се наоѓа и градот Самаринда, 48 км спротиводно од протокот.

Протокот е мошне прометен поморски пат за бродовите кои се преголеми за да одат низ Малачкиот Проток.

Граници уреди

Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Макасарскиот Проток е една од водите на Источноиндискиот (Индонезиски) Архипелаг, и ги има следниве граници:[1]

Преминот помеѓу источниот брег на Борнео и западниот брег на Целебес [Сулавеси] граничи со:

на север. Линија од Танџонг Мангакалихат, Борнео (1°02′N 118°57′E / 1.033° СГШ; 118.950° ИГД / 1.033; 118.950) и Стромен Кап, Целебес (1°20′N 120°52′E / 1.333° СГШ; 120.867° ИГД / 1.333; 120.867).

на југ. Линија од југозападниот крај на Целебес (5°37′S 119°27′E / 5.617° ЈГШ; 119.450° ИГД / -5.617; 119.450), преку јужниот крај на Тана Кеке, до јужниот крај на Лаут, (4°06′S 116°06′E / 4.100° ЈГШ; 116.100° ИГД / -4.100; 116.100) а оттаму по западниот брег на тој остров до Танџонг Киви, а оттаму напреку до Танџонг Петанг, Борнео (3°37′S 115°57′E / 3.617° ЈГШ; 115.950° ИГД / -3.617; 115.950) на јужниот крај на Лаутскиот Проток.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)

2°S 118°E / 2° ЈГШ; 118° ИГД / -2; 118