Мадја Прадеш е сојузна држава во Индија со површина од 342.236 км2 и 56.473.122 жители (сос: 1. јан. 2001). Често се нарекува "Срцето на Индија" затоа што се наоѓа во централниот дел на Индија. Главен град е Бопал. До 2000. и настанувањето на државата Чатисгар Мадја Прадеш била најголема индиска држава. Се граничи со Утар Прадеш, Чатисгара, Махараштра, Гуџарат и Раџастан. Во Бопал на 3 декември 1984. токсичниот гас од фабриката Јунион Карбид уби 3.000 граѓани на лице место, 12.000 умреа од последиците, а 150.000 луѓе имаа извесни последици.

Мадја Прадеш
Мадја Прадеш - मध्य प्रदेश
Држава: Индија
Главен град: Бопал
Површина: 308.144 км2
Население: 60.385.118 (2001)
Густина на население: 196 жит./км2
Јазик: хинди
Религија:
Мрежно место: www.mp.nic.in
Мапа
Положба на Мадја Прадеш во Индија
Положба на Мадја Прадеш во Индија

Географија уреди

Се наоѓ во срцето на Индија. Се граничи со Гуџарат на исток, Раџастан на северозапад, Утар Прадеш на североисток Махараштра на југ и Чатисгар на исток. Мадја Прадеш има неколку лингвистички и културни различни региони. Реката Нарвада и Тапти и нивните сливови ја делат државата на два дела. Горниод дел му припаѓа на сливот на Ганг, а јужниот дел на сливот на Годавари и Маханади. Мадја Прадеш се состои од неколку лингвистички и културни различни региони:

  • Малва - висорамнина на северозападниот дел северно од Виндија. Индор е најголем град
  • Нимар - западен дел на речната долина Нармада
  • Бунделканд - северен дел со брда и плодни долинам. Гвалиор е центарот
  • Чамбал - северозападен регион, планинско подрачје со сурова клима. Подрачјето е познато по суровите банди, од кои многу беа активни на крајот од 20. век.
  • Багелканд -планинско подрачје на североистокот
  • Махакошал - југоисточно подрачје со Џабалпур као најважен град.