Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменската област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, кој прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за кој се претпоставува дека бил верскиот центар на Првото Бугарско Царство во претхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.[1]

Мадарски коњаник
светско наследство на УНЕСКО
Мадарскиот коњаник
КритериумКултурен: i, iii
Навод43
Запис1979 (3то заседание)

На 29 јуни 2008 г. 25,44% од 1.058.473 вкупно гласачи го избраале за бугарски симбол, кој би бил ставен на идните бугарски монети на еврото.[2]

Наводи уреди

  1. Веселин Бешевлиев, "Първобългарски надписи", Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 94.
  2. Страница на Националната кампания Българските символи Архивирано на 20 јуни 2008 г..

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди