Лушпести влекачи
Период: Јура - денес
Обичен синојазичар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Лушпести
Oppel, 1811
Подредови

во текстот

црно: распространетост на лушпестите

Лушпари или лушпести влекачи (науч. Squamata) — животни кои образуваат најголемиот денешен ред на влекачи кој ги вклучува гуштерите и змиите. Членовите од овој ред се одликуваат со нивната кожа, која носи рожести лушпи или штитчиња. Тие исто така поседуваат подвижни квадратни коски, што им овозможува да ја придвижуваат горната вилица во однос на черепот. Ова е особено видливо кај змиите, кои се способни многу ја отворат устата за да го земат големиот плен. Ова се најразлични по големина влекачи, чии големини се движат од 16 мм долгиот Sphaerodactylus ariasae, па до 8 m долгата зелена анаконда (Eunectes murinus).

Распространетост уреди

Лушпарите ги колонизирале речиси сите копнени живеалишта. Тие живеат на секој континент, освен на Антарктикот. Повеќето лушпари се жители на тропските региони, со што на север видовото разнообразие се намалува, а во голем дел од Канада, Алјаска, Гренланд и северен Сибир, тие отсуствуваат. Гуштерот Zootoca vivipara и шарката (Vipera berus) се видови на влекачи кои се распространиле најсеверно од сите останати. Тие можат да се најдат на север од Северниот Поларник. Најјужно се наоѓа Iguania liolaemus magellanicus, која и денеска живее во Огнена Земја. Во Европа постојат преку 50 видови на гуштери и околу 30 видови на змии.

Особини уреди

Кожа уреди

Лушпите (штитчињата) на епидермисот може да бидат најразлични. Кај геконите, тие се рамни, мазни или со гребен, но постојат и видови со бодликави лушпи. Игуаните имаат боцкести творби во вид на чешел на вратот, на грбот и на опашката. Некои гуштери кои живеат на пустинските дини поседуваат бразди од испакнати лушпи на прстите, што им дава способност да не тонат во песокот, додека на базилискот овие лушпи му помагаат брзо да трча на водните површини. Геконите и анолисот, на долната страна на прстите, поседуваат плочки кои се формираат од епидермисот и се состојат од многу поединечни влакненца.

Врвниот слој од епидермисот не се обновува со исто темпо: тој се преслекува за три до четири недели кај повеќето гуштери, додека кај змиите и камелеоните за шест до десет месеци. Овој дел од епидермисот се подигнува од останатите слоеви на кожата со помош на преслекувачки влакненца, а се одделува со помош на воздух или лимфни јазли. Геконите ја јадат својата стара кожа веднаш по преслекувањето.

Слојот под епидермисот, дермис, е дебел и се состои од тридимензионални снопчиња на сврзно ткиво. Кај гуштерите во овој слој се образуваат остеодерми (коскени депозити кои формираат лушпести творби), чија форма и положба е слична на тие од погорните лушпи. Под дермисот лежи подкожното ткиво (хиподермис), кое не е толку компактно како останатите слоеви.

Череп уреди

Черепот на лушпарите се разликува од диапсидниот череп по редукцијата на долниот од двата зигоматски лакови. Кај некои змии, амфизбени и сцинковидни, атрофирана е и горната зигома. Друга особина е т.н. стрептостилија, односно многу зголемената внатрешна подвижност на черепот. Ова се постигнува така што квадратната коска, примарна коска на виличниот зглоб кај влекачите, е сместена на подвижната сквамозна коска. Подвижноста на черепот е најочигледна кај змиите.

Систематика и филогенија уреди

Обично овој ред е поделен на три подреда:

Од сите нив, гуштерите образуваат парафилетска група. Во поновите систематики, името Sauria се користи за влекачите и птиците, а лушпарите се поделени на различен начин од претходно наведениот:

Според оваа систематика, еволуцијата на лушпарите се одвивала во насока на замена на јазикот како орган за прифаќање на храната (како кај туатарата и игуаните) со забите и вилиците (особено горната вилица), со што тој станал орган за хеморецепција (како кај лушпесто(кератинизирано)јазичните видови од подредот Scleroglossa). Ова им овозможило поголем распространувачки успех на склероглосите за разлика од игуанидите.