Гроф Лотреамон (француски: Comte de Lautréamont), родено име: Изидор Лисјен Дикас (Isidore-Lucien Ducasse; 4 април 1846 - 24 ноември 1870) — истакнат француски поет роден во Уругвај.

Лотреамон
Единствената позната фотографија од Лотреамон
Занимањепоет

Неговите дела, „Песните на Малдорор“ и „Песни“, имале големо влијание врз модерната литература, особено за надреализмот. Делото „Песните на Малдорор често“ се опишува како прва надреалистичка книга. Тој починал млад на возраст од 24 години.

Животопис уреди

Дикас е роден во Монтевидео, Уругвај, како син на Франсоа Дикас, француски конзуларен службеник и неговата сопруга, Жакет-Селестин Давазак. Многу малку се знае за Исидор во детството, освен дека бил крстен на 16 ноември 1847 година, во соборниот храм на Монтевидео и дека неговата мајка починала веднаш потоа, веројатно поради епидемија. Во текот на 1851 година, како петгодишно момче, тој доживеал крајот на осумгодишната опсада на Монтевидео во Аргентинско-уругвајската војна. Дикас бил воспитан да зборува три јазици: француски, шпански и англиски јазик.

Во октомври 1859, на возраст од тринаесет години, Исидор бил испратен во средно училиште во Франција од страна на неговиот татко. Учел во Империјалната гимназија во Тарб. Во текот на 1863 година се запишува во лисејот Барту во По, каде што присуствуваа на часовите по реторика и филозофија како еден од најјаките ученици. Бил добар по цртање на аритметика и ја покажувал својата екстравагантност во начинот на размислување и во стилот. Исидор бил читател на Едгар Алан По, а особено ги сакал Шели и Бајрон, како и Адам Мицкевич, Милтон, Алфред де Мисе, и Бодлер. Во текот на училиштето тој бил фасциниран од Расин и од Корнеј. По дипломирањето, тој живеел во Тарб, каде почнал да се дружи со Жорж Дазе, синот на неговиот старател, и одлучил да стане писател.