Лице со лузна (анг. Scarface) e американски филм од 1983. режиран од Брајан де Палма, додека приказната ја напишал Оливер Стоун. Филмот го следи искачувањето и падот на гангстерот Тони Монтана, кој како сиромашен кубански имигрант доаѓа во Флорида и започнува да гради криминална кариера, полека преземајќи ја локалната трговија со дрога. Како инспирација послужил истоимениот филм од 1932. Bазиран на животот на Ал Капоне, злогласниот американски гангстер кој имал прекар „Лице со лузна“. Филмот стекна голема популарност и стана елемент од поп културата. Неговите делови често се пародираат и спомнуваат во други филмови, серии и песни. Особено е популарен помеѓу припадниците на ганстер рап субкултурата. Серијата видеоигри Grand Theft Auto исто така е инспирирана од филмот и содржи бројни наводи од ликот на Тони. Во 2006 г. излезе видеоиграта Scarface: The World is Yours.

„Лице со Лузна“
РежисерБрајан Де Палма
ПродуцентМартин Бригмен
СценаристОливер Стоун
Главни улогиАл Пачино
Стивен Бауер
Мишел Фајфер
Мери Елизабет Мастрантонио
Роберт Лоџа
Ф. Мари Абрахам
Херис Јулин
МузикаЏорџо Мородер
КинематографијаЏон А. Алонзо
МонтажаЏералд Б. Гринберг
Давид Реј
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиерадекември 1 1983 (1983-12-01) (Њујорк)
декември 9 1983 (1983-12-09) (САД)
Времетраење170 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$25,000,000[1]
Бруто заработка$65,884,703[2]

Улоги уреди

Глумец Улога
Ал Пачино Тони Монтана
Стивен Бауер Мени Рибера
Мишел Фајфер Елвира Хенкок
Мери Елизабет Мастрантонио Џина
Роберт Лоџа Френк Лопес
Миријам Колон Мама Монтана
Ф. Мари Абрахам Омар Суарез
Пол Шенар Алехандро Соза
Херис Јулин Мел Бернштајн
Ангел Салазар Чи Чи
Арналдо Сантана Ерни
Пепе Серна Ангел Фернандес
Мајкл Пи Моран Ник „Свињата“
Ал Израел Хектор „Краставата жаба“
Марк Марголис Алберто

Приказна уреди

Во 1980. година, младиот кубански имигрант Тони Монтана (Пачино), заедно со илјадници сонародници, доаѓа во Флорида, во склопот на големиот прогон на несакани членови од друштвото кое го организирала комунистичката власт на Кастро. Заедно со своите пријатели од затвор и криминалниот партнер Мени Рибера (Бауер) се наоѓаат во бегалски камп, каде американските власти ги држат додека не се договорат што ќе биде со нив. Таму ги контактира Френк Лопес (Лоџа), локален дистрибутер на дрога и во замена за зелени карти бара од нив да убијат еден комунист кој е исто така протеран и затворен со нив. Тие ја прифаќаат понудата и го убиваат комунистот.

Со добивање дозвола започнуваат да работат обична работа, но незадоволни од тоа ја прифаќаат понудата од соработник на Лопес за работење во трговијата со дрога. Во хотелот во Мајами се состануваат со Колумбијците кои пробуваат да ги измамат, па доаѓа до судир во кој го заробуваат Тони и неговиот соработник. Тони е присилен да гледа како неговиот колега го сечат жив со моторна пила, а него од истата судбина го спасува Мени и Чи Чи кои упаѓаат и ги убиваат Колумбијците. Тону го убива и Колумбиецот Хектор кој го отепа Ангел со моторната пила. Тони самиот ги носи парите и кокаинот кај Лопес, кој веднаш го вработува; тогаш ја забележува и Елвира и се заљубува во неа на прв поглед, која е девојка на работодавачот. Со текот на следните месеци Тони брзо напредува во криминалната хиерархија со вршење разни валкани работи. Ја контактира и својата сестра Џина на која сака да ѝ помогне и да ја заштити од криминалните кругови во кои самиот се движи, но таа зад неговиот грб започнува да се гледа со Мени.

На патот кон Боливија, каде се договара за трговијата со дрога со Алехандро Соза (Шенар), локален моќник. Таму е убиен соработник на Лопес, Омар Суарез, од атентатор на Соза, поради што бил кодош за полицијата. Тони започнува да работи сам занемарувајќи го авторитетот на Лопес. Наскоро доаѓа до судир со него кој пробува да го убие. Извлекувајќи се жив од нападот, заминува кај Лопес и го убива него и неговиот корумпиран полициски соработник, Мел Бернштајн, заедно со Мени и Чи Чи. Тони ја презема работата на Лопес, како и повеќето од трговијата со дрога во Мајами. Се жени со Елвира и живее многу раскошно, но наскоро станува зависен од дрога што го нарушува односот со неговата жена, која исто така станува зависна. Мени исто така сè повеќе се оддалечува од него, се занимава со самостојни работи и се вклучува во врска со Џина, спрема која кај Тони растат повеќе од братски чувства.

Со влегувањето во проблеми со законот околу својата илегална работа, Тони се спасува од долгогодишен затвор само благодарение на интервенцијата на Соза кој има врски со институции во САД. Наскоро се разделува со Елвира по жестока кавга во ресторан; станува видливо дека психичката состојба на Тони е нарушена. Во замена за услугата на Соза, мора да помогне во убиство на боливиски новинар кој во САД се спрема да открие шокантни податоци за Соза. Со автомобил го вози боливскиот егзекутер, Алберто, кој ќе го направи убиството со активирање на бомба поставена во автомобилот на новинарот. Но, забележувајќи дека во тој автомобил се и неговата жена и деца, Тони се предомислува, бидејќи не може да си дозволи да убива жени и деца, и го убива Албеерто со што влегува во судир со моќниот Боливиец.

Во состојба на лудило Тони заминува кај својата сестра; шокирајќи се што Мени му ја отворил вратата од нејзината куќа, го убива додека Џина му објаснува дека штотуку се венчале. Тони заминува дома и користи кокаин. Во состојба на наркоза не приметува дека куќата му ја напаѓа цела војска од убијци на Соса која тивко ги елиминира сите негови чувари. Во канцеларијата на Тони се појавува Џина која хистерична и полугола го провоцира околу неговите инцестички чувства пред да земе пиштол и да го застрела во ногата. Истовремено на балконот од канцеларијата се појавува еден од напаѓачите, кој ја убива. Измамениот Тони сега доаѓа во свест и го убива напаѓачот. „Збогувајќи се“ со веќе мртвата сестра, зема автоматска пушка и се соочува со остатокот од војската на Соса, која веќе ги убила сите негови луѓе. Во луда и брутална борба Тони убива многу од луѓето на Соза и потполно ја демолира куќата, но бројно надмоќните напаѓачи сепак го совладуваат: водачот смртно го застрелува во грбот, а Тони паѓа од скалите во базенот, така што глобусот со натпис Светот е твој (анг. "The world is yours") му се наоѓа над телото.

Реакција уреди

„Лице со лузна“, од неговото прво издание, направи контроверзност со насилството и јазикот во филмот и прими многу негативни оцени од филмските критичари. И покрај тоа, филмот премина заработка од 65 милиони долари во целиот свет. Во специјалното издание на два дискови, продуцентот на филмот Мартин Брегмен изјави дека филмот бил добро оценет од единствениот забележлив критичар, Винсент Кенби од "The New York Times". Исто така, Роџер Еверт го оцени филмот со четири од четири ѕвезди во неговиот преглед од 1983 година, а потоа го додаде во неговиот список на „Одлични филмови“. Со текот на времето, прегледите за филмот се сменаа од негативни во омилено позитивни.

Критики и награди уреди

Во јуни 2008, Американскиот филмски институт ја откри неговиот список на „Десет топ десет“ - најдобрите десет филмови во десет „класични“ жанрови на американските филмови сочинет од преку 1500 луѓе од заедмоцата за креативност. „Лице со лузна“ беше признаен за десеттиот најдобар во гангстерскиот жанр. Цитатот "Say hello to my little friend!" го зазеде 61. место на списокот на „100 години AFI... 100 филмски цитати“. Entertainment Weekly го рангира филмот како 8. на нивната листа „Топ 50 култни филмови“, и списанието Empire го стави како 284. во најдобите 500 филмови на сите времиња. Во 2010, VH1 го оцени филмот како 5. во нивната листа од 100 најдобри филмови на сите времиња. „Лице со лузна“ беше еден од првите филмови употребувајќи го толку често зборот „еби“ и првиот кој го употребил зборот преку 200 пати.

„Лице со лузна“ имаше три номинации за Златен Глобус; Ал Пачино заработи номинација за Најдобар глумец во драма филм, Стивен Бауер беше номиниран за Најдобар глумец со споредна улога и Џорџо Мородер беше номиниран за Најдобро оригинално музичко достигнување. Де Палма беше номиниран, но не победи, за Razzie награда за најлош режисер.

Видеоигри уреди

Лиценцираната игра, Лице со лузна: Светот е твој (анг. Scarface: The World Is Yours), беше објавена во септември и Октомври 2006, надоградена во јуни 2007. Развиена е од Radical Entertainment и објавена од Vivendi Universal Games. Играта е квазипродолжение засновано на премисата која Тони ја преживеа по нападот на крајот од филмот, но ја изгуби криминалната империја и целта на играчот е да ја обнови. Објавени се Wii, PS2, Xbox и PC верзии.

Radical и Vivendi исто така објавија и втора лиценцирана видеоигра, Лице со лузна: Пари, Моќ, Почит (анг. Scarface: Money, Power, Respect), во октомври 2006. Играта е слична како и првата каде се врши повеќе контрола над империјата со кокаин и трева, а во Пари, Моќ, Почит најмногу е фокусирано истребувањето банди, зголемување на почитта и целосна реконструкција на империјата. До денес, од играта е објавена само PSP верзија.

Во Global Operations на колумбиската мапа, канцеларијата на шефот на дрогата е скоро идентична како таа од Тони Монтана и останатиот дел од дворецот е многу сличен како неговиот.

Хит играта Grand Theft Auto: Vice City има исто некои мажи со „Лице со лузна“, како местото со познатата крвава бања во празен апартман, заедно со моторна пила која може да се употреби како оружје. Клубот Малибу е исто многу сличен со клубот Вавилон. Другите сличности вклучуваат зделка со дрога која се одвива погрешно, мисија да се убие шеф-дилер на кокаин слична со убиството на Френк од страна на Тони и Мени и дворец со канцераија и ходник многу сличен како тој од Тони фо филмот. Протагонистот Томи Верчети е цврсто заснован врз Тони Монтана. Последната мисија во која Томи мора да се одбрани од десетици вооружени луѓе кои бурно навлегуваат во дворецот е паралелна со крајот на филмот.

Музиката од филмот на „Лице со Лузна“ може исто да се слушне во Grand Theft Auto III, во која песните се објавени на радиото Flashback 95.6 FM.

Играта Hitman: Codename 47 вклулува еден од антагонистите, Пабло Белисарио Окоа, колумбиски шеф на дрога, цврсто заснован врз Тони Монтана од „Лице со лузна“.

Наводи уреди

  1. http://www.imdb.com/title/tt0086250/business
  2. „Scarface“. Box Office Mojo. Посетено на 2007-01-02.

Надворешни врски уреди