Летни олимписки игри 1928

Летните олимписки игри одржани во Амстердам во 1928 година биле 9-те Летни олимписки игри. Градот Амстердам бил кандидат за одржување на Олимписките игри и во 1920 и 1924 година, но за градовви-домаќини биле избрани Антверпен (1920) и Париз (1924). Единствен друг град кандидат за домаќин на игрите во 1928 година бил градот Лос Анџелес.

II Зимски олимписки игри
Град домаќин Санкт Мориц, Швајцарија
Бр. на држави 46
Бр. на спортисти 2,883 (2,606 м, 277 ж)
Натпревари 109 од 15 спортови
Отворени 11 февруари
Затворени 19 февруари
Официјално отворени од: Принц Хендрик
Спортска заклетва Хери Денис
Олимписка заклетва Нема
Олимписки оган Нема
Стадион Олимписки стадион

Ретроспектива уреди

  • За првпат на Олимписките игри бил запален Олимпискиот факел.
  • За првпат парадата на церемонијата на свеченото отворање започнала со Грција, како земја од која потекнуваат Олимписките игри.
  • Игрите биле официјално отворени од принцот Хендрик, наследник на кралицата Вилхелмина.
  • Атлетските натпревари се одржале на стадион со стандардна должина на атлетските патеки од 400m.
  • Џони Вајсмилер освои 2 златни мдали во пливање.
  • Финецот Паво Нурми го освоил својот деветти златен медал победувајќи на трката на 10000m.
  • Перси Вилијамс од Канада ги изненадил сите победувајќи во трките на 100m и 200m.
  • Уругвај ја победил Аргентина и освоил златен медал до фудбал. Јужноафриканската Република одиграла со разочарување.
  • Индија го освоила својот прв златен медал. Тоа се случило во натпреварите во хокеј на трева.
  • За првпат како спонзор на игрите се појавил брендот Кока-Кола.
  • Ова биле првите Олимписки игри кои биле именувани како „Летни олимписки игри“.
  • Германија која не учествувала на претходните олимпијади во 1920 и 1924, завршила како втора по бројот на освоени медали.

Изборот за град-домаќин уреди

 
Олимпискиот стадион во Амстердам

Фредерик ван Туљ ван Сероскеркен прв го предложил градот за домаќин на Олимписките игри во 1912 година. Холандскиот олимписки комитет бил формиран пред тоа, па Холанќаните биле активни за номинација на Амстердам. Игрите во 1916 година не се одржале поради Првата светска војна, а во 1919 година, Холанќаните застанале зад кандидатурата на Антверпен за град-домаќин на Олимписките игри, во 1921 година било одлучено град-домаќин за игрите во 1924 година да биде Париз. Амстердам бил избран за град-домаќин на Летните олимписки игри во 1928 година. Тоа го одобрил и Меѓународниот олимписки комитетна 2 јуни 1921 година. Протести стигнале од Американците кои сакале игрите да се одржат во Лос Анџелес, но Лос Анџелес бил предложен за град-домаќин на Летните олимписки игри во 1932 година.[1]

Спортови уреди

 
Осум холандски поштенски марки од 1928 година, покажувајќи осум различни спортови од Олимписките игри

На Летните олимписки игри - 1928 во Амстердам имало 1909 настани во 15 спортови.[1]

На Олимписките игри за првпат биле воведени нетпревари во атлетика и пливање за жени. Халина Конопачка од Полска победила на трката на 800m во атлетика, но толку била изморена, па сè до шеесеттите жените не се натпреварувале на трки подолги од 200m.

Тенисот исчезнал од олимписката програма. На Летните олимписки игри - 1968 во Град Мексико се појавил како демонстративен спорт, а во олимписката програма бил вратен на Летните олимписки игри - 1988 во Сеул.

Демонстрациони спортови уреди

Земји-учеснички уреди

 
Учеснички, зелено- земји-учеснички кои и претходно учествувале, сино- земји-учеснички кои учествуваат за првпат.

На игрите учество земале натпреварувачи од 46 земји. Дебитанти биле Панама, Малта и Родезија. Германија се вратила на игрите по игрите во 1920 и 1924 година кога не учествувала.[2]

Освојувачи на медали уреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 22 18 16 56
2   Германија 10 7 14 31
3   Финска 8 8 9 25
4  Шведска 7 6 12 25
5  Италија 7 5 7 19
6   Швајцарија 7 4 4 15
7  Франција 6 10 5 21
8   Холандија (домаќин) 6 9 4 19
9   Унгарија 4 5 0 9
10  Канада 4 4 7 15

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 G. van Rossem (ed.) (1928). The Ninth Olympiad Amsterdam 1928 Official Report (PDF). Amsterdam: J. H. de Bussy. стр. 973–985. Посетено на 2008-03-25.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  2. Guttmann, Allen (1992). The Olympics: A History of the Modern Games. Urbana and Chicago: University of Illinois Press. стр. . 38. ISBN 0-252-01701-3.

Надворешни врски уреди