Лесново

село во Општина Пробиштип

Лесново — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Лесново

Панорама на селото Лесново

Лесново во рамките на Македонија
Лесново
Местоположба на Лесново во Македонија
Лесново на карта

Карта

Координати 42°00′50″N 22°13′48″E / 42.01389° СГШ; 22.23000° ИГД / 42.01389; 22.23000
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 26 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21020
Надм. вис. 890 м
Лесново на општинската карта

Атарот на Лесново во рамките на општината
Лесново на Ризницата

Потекло на името уреди

Името на селото потекнува од зборот „лес“, што значи „шума“. Просторот на којшто се наоѓа селото во минатото бил густо пошумен, па оттаму се претпоставува и дека потекнува името.[2]

Географија и местоположба уреди

Лесново е планинско село, сместено од десната страна на Злетовска Река, на надморска височина од 890 м.[3] Селото се наоѓа на југозападната страна од Осоговските Планини и е единствената населба во Македонија којашто лежи во јасно сочуван фосилен вулкански кратер, познат и како „Лесновски Кратер“. Низ средишниот дел на кратерот и низ самото село, во правец североисток-југозапад, тече малата Лесновска Река, која ја пресекува западната рамка на кратерот. Релјефот е последица на силна вулканска активност, која е дел од најраспространата и најпозната вулканска област во Македонија, позната во герморфологијата како „кратовско–злетовска вулканска област“. Лесново е сместено на околу 13 км источно од Пробиштип и на околу 8 км северно од Злетово, до коишто е сообраќајно поврзано со тесен асфалтен пат.[2] Атарот на селото зафаќа површина од 14,1 км2.[4]

Клима уреди

Лесново има мошне пријатна клима и се наоѓа на границата на умерено-континентална и планинска, која се одликува со свежи лета и благи зими. Бројот на сончеви часови изнесува околу 2400 часови годишно.[2]

Историја уреди

Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Неговата историја е неделива од постоењето на Лесновскиот манастир. Показател за староста на селото се и бројните сочувани траги во неговиот атар, како што се пештерните цркви и пештерните испосници. Селото, заедно со маалото Луково, се споменува во две грамоти на царот Стефан Душан и деспотот Константин Дејанов од 1381 година.[5] Во селото постоело едно од најстарите училишта во Македонија, коешто било основано во XI век. Во периодот помеѓу 10 и XIV век, во Лесново била создадена големата „Лесновска лавра“, позната како најголема монашка република на Балканот. За разлика од многу други села, во периодот под отоманска власт, селото ја нема променето својата местоположба.[2] Во османските даночни регистри на немуслиманското население од Кратовскиот вилает од 1618-1619 година, селото се споменува под името „Леснова“ и во него запишани 27 домаќинства.[6] Според списокот на селата и немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 година, во селото биле запишани 28 домаќинства.[7] Кон крајот на XIX век и почетокот на XX век, Лесново било едно од најголемите населени места во својот крај, а по Балканските војни било и седиште на општина. Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 8 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[8]

Стопанство уреди

Вкупната земјоделска површина во атарот на селото изнесува 1360 ха, од кои 168 ха отпаѓаат на обработливо земјиште, 618 ха се пасишта и 574 хектари шуми. Селото има мешовита земјоделска функција. Во блиската околина на селото, во карпестиот дел на месноста Коларско, се изработувале квалиетни водени камења.[2][3] Годишно се произведувале по околу 200 парчиња и се продавале низ целиот Балкан. Покрај тоа, жителите на селото се занимавале и со рударство, поточно со вадење на олово-цинкова руда.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948467—    
1953521+11.6%
1961438−15.9%
1971360−17.8%
1981204−43.3%
ГодинаНас.±%
199169−66.2%
199477+11.6%
200241−46.8%
202126−36.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лесново имало 800 жители, сите Македонци.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лесново имало 640 жители, сите Македонци.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[11]

Според пописот од 2002 година, во селото живеел 41 жител, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 25, а бројот на живеалишта 78.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 19 Македонци, 1 Ром и 6 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 800 640 467 521 438 360 204 69 77 41 26
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови уреди

Лесново е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1573 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[20]

Културни знаменитости уреди

 
Црквата „Свети Архангел Михаил“ во Лесновскиот Манастир
Археолошки наоѓалишта[21]
Цркви[22]
Споменици
  • Спомен плоча посветена на загинати борци.[23]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 М., И.. „Лесново и Лесновскиот кратер-природна и духовна убавина!“, Игеографија, 4 јануари 2012.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 177.
  4. Населени места во Општина Пробиштип — Лесново, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  5. Матанов, Христо. „Княжеството на Драгаши“. София, 1997. с. 220.
  6. „Турски извори за българската история“, т. VII. София, 1986. стр. 255.
  7. „Турски извори за българската история“ (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13. София 2001. стр. 52.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 859.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 223.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јануари 2017.
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор, Керамидчиев, Апостол, Василевски, Ангел, Арсениевски, Лазо и Домазетовски, Стоимир. „Злетовска област, географско-историски осврт“. Скопје, 1974. стр. 67-68.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Лиетратура уреди

  • Милевски, Ивица (2005). „Палеовулкански релјеф во западниот дел на Осоговскиот Масив“. Географски разгледи (40). Скопје. стр. 47-67.
  • Milevski, Ivica (2010). "Geomorphological Characteristics of Kratovo-Zletovo Palaeovolcanic Area". Proceedings of the XIX Congress of CBGA-2010. Thessalonica, Greece. стр. 475-482.
  • Милевски, Ивица (2011). „Значајни геоморфолошки локалитети на Осоговскиот планински масив“. Билтен за физичка географија (7-8). Институт за географија. Скопје. стр. 29-44.

Надворешни врски уреди