Лемба (Ба-лемба, Ба-сони или Ва-мвеније) е црнечка етничка група на луѓе која брои околу 70.000 луѓе, населени на просторот на Јужна Африка. Според нивните тврдења, тие се древните предци на израелскиот народ и настојуваат дека ги претставуваат нивните корени, поточно дека од нивната група произлегле Авраам, Исак и Јаков и дека се нивни крвни сродници.

Лемба
Вкупен број на населението

70,000+ (препоставка)

Региони со значително население
Јужна Африка (посебно во Провинција Лимпопо), Зимбабве, Малави, Мозамбик
Јазици
Некогаш лемба (изумрен), денес венда, шона, како и англиски и португалски
Религии
јудаизам, христијанство
Поврзани етнички групи
африкански Евреи
 останати еврејски групи

Народот Лемба има карактеристични верски обреди и верувања, многу слични на јудаизмот, кои се паметат и пренесуваат говорно низ генерациите. Денес многу Лемби се христијани, со тоа што користат и некои јудаистички обичаи.

Историјата на Лемба народот кажува дека тие биле луѓето кој ја населиле Светата Земја (Јудеја / древен Израел), водени од висок Лемба свештеник по име Буда. Групата се стационира во Јемен, каде го изградуваат градот Сена. Пред околу 3000 години тие испловиле преку Арапското Море „водени од ѕвезда испратена од Господ“, од Јемен во Африка каде што една група се населува на просторите на денешна Етиопија а друга група мигрира на териториите на јужна Африка, Зимбабве, Малави, Мозамбик и Танзанија, каде што живеат помеѓу „пагани“ во мир. Симболот на Лемба е слон во средината на шесткраката Давидова ѕвезда.

Сличности со јудаизмот уреди

Многу од верувањата и обредите на Лембите се тесно поврзани со тие на јудаистите. Според Д-р Рудо, сличностите се следни:

  • Тие се монотеисти и го нарекуваат нивниот Бог-создател, „Н'вали“.
  • како и еврејскиот Сабат, еден ден во неделата и за нив е свет и посветен на Господ.
  • Тие го наградуваат Н'вали за тоа што ги чува, сметајќи се себеси за „избран народ“.
  • Ги учат своите деца да ги почитуваат своите родители.
  • Одбиваат да јадат свинско месо или друго месо забрането од Тората.
  • Не мешаат јадења од месо со млеко.
  • Тие користат ритуал на обрежување (сунет).
  • На нивните гобови стои Давидова ѕвезда.
  • Не се женат со други натори, исто како и Евреите, кои не се венчаваат со неевреи.