Лаура Бјаџоти (итал. Laura Biagiotti, родена во 1943 година во Рим, Италија, почина 26 мај 2017 година) е италијански моден творец.

Лаура Бјаџоти
Родена 4 август 1943
Рим, Италија
Починала 4 мај 2017(2017-05-04) (возр. 73)
Рим, Италија
Националност Италијанка
Позната моден творец

Животопис уреди

Лаура Бјаџоти студирала книжевност во Рим, а имала желба да стане археолог. Во светот на модата влегла така што почнала да ѝ помага на својата мајка која работела како кројачка, а својата прва колекција ја претставила во 1972 година.

Извесно време живеела во Пекинг, а била и првиот италијански моден творец кој ја претставил својата колекција во Кина, на 25 април 1988 година.

Лаура Бјаџоти е претседател на Комитетот Леонардо, здружение кое ја доделува годишната награда на италијанските дизајнери за нивните придонеси во подобрување на сликата на Италија во светот.

Награди уреди

  • На венецијанскиот филмски фестивал во 1985 година ја добила специјалната награда Златен лав за мода.
  • Во 1992 година во Њујорк ја примила наградата за Жена на годината.
  • Една година подоцна во Пекинг ѝ е доделена наградата Марко Поло.
  • Во 1995 год. добила признание за својата работа од страна на тогашниот италијански претседател Оскар Лујџи Скалфаро.
  • Во 2002 година, во част на 30 години од кариерата, италијанската Пошта издала марка посветена на Лаура Бјаџоти во вредност од 0,41 евра.
  • Во април 2004 година изабрана е за моден советник во националната Комора за мода.
  • Во 2007 година во Венеција ѝ е деделена наградата Златен лав за мода, во рамките на филмскиот фестивал во Венеција.

Историски модни ревии уреди

  • 25 април 1988 год.: во Пекинг 30 манекенки ги носат најзначајните творби на Лаура Бјаџоти.
  • 5 февруари 1995 год.: Лаура Бјаџоти е првиот италијански моден творец кој ја претставил својата колекција во Москва.
  • 1997: На покана од Сузан Мубарак, сопруга на египетскиот претседател, италијанскиот творец ја претставува својата колекција во Каиро, во корист на локалниот Црвен крст.

Надворешни врски уреди