Латините биле стар италски народ од Лациум Ветус (Стар Лациум), кои таму се доселиле во VIII или IX век п.н.е. од северот [се бара извор]. Иако живееле во независни градови-држави, Латините зборувале еден ист јазик (латински), делеле иста религија и силна смисла за сродство, изразена во митот каде се вели дека сите се потомци на Латин, тестот на Енеј. Латин бил обожуван како Јупитер Латијарис на Монс Албанус (Монте Каво) за време на годишниот фестивал на кој присуствувале сите латини, вклучувајќи ги и римјаните. Латинските градови меѓусебно си давале заеднички права за постојан престој. Територијалните амбиции на Рим, резултирале со обединувањето на сите латини како нивни противници во 341 п.н.е., но сепак Рим победил во 338 п.н.е.. како резултат на оваа победа некои латински градови биле припоени кон римската држава, и нивните граѓани добиле полно римско државјанство. Други станале сојузници на Рим и уживале извесни привилегии. Полека, со ширењето на римската власт во Италија, зборот „латин“ го изгубил своето етничко значење и станал правна категорија.

Групи на народи на Апенинскиот Полуостров во железното доба.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди