Лас Вегас (ТВ серија)

Лас Вегас е американска драмска серија за тим луѓе кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Премиерата на Лас Вегас беше на 22 септември 2003 на NBC‏‎. Се емитува во повеќе од 70 земји, а во Македонија се прикажувала на „Сител“.

Лас Вегас
Податотека:Vegas Title Card.jpg
Создадена одГери Скот Томпсон
УлогиЏош Духамел
Ванеса Марсил
Џејмс Лежр
Моли Симс
Том Селек
Земја на потекло САД
Бр. на епизоди87
Производство
Времетраење41 минута (по епизода)
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Сликов формат480i (SDTV),
1080i (HDTV)
Првично прикажување22 септември 2003
Надворешни врски
Мрежна страницаnbc.com/Las Vegas/

Позадина уреди

Центар на серијата е Ед Дилејн (Џејмс Кан), строг поранешен ЦИА агент кој прво бил главен во одделот за сигурност на казиното, а станал главен директор на Монтесито. Друг главен лик е поранешниот маринец Дени Мекој (Џош Духамел), кој се смета за десна рака на Ед Дилејн. Тој е главен во одделот за сигурност и негова задача е да истражи сомнителни лица кои влегле во казиното. Други ликови кои работат со Дилејн и Мекој се Мери Конел(Ники Кокс), пријателка од детството на Дени и поранешна свршеница; Сем Маркез (Ванеса Марсил) манипулативна стопанственичка која се смета за најдобра водителка во казиното; ќерката на Ед, Делинда Дилејн (Моли Симс) е менаџерка на ресторанот на Монтесито, Мистик.

Информации за сезоните уреди

Лас Вегас има четири комплетни сезони, од кои три веќе ги има и на ДВД. Обновена е и за петта сезона која ќе почне во септември 2007, но во неа нема повеќе да бидат Џејмс Кан и Ники Кокс. На местото на Џејмс Кан, влегува Том Селек.

Надворешни врски уреди