Ларс Бак

дански велосипедист

Ларс Итинг Бак (дански: Lars Ytting Bak; р. 16 јануари 1980 во Силкеборг) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]

Ларс Бак
Лични податоци
Цело имеЛарс Итинг Бак
Роден16 јануари 1980(1980-01-16)(44 г.)
Силкеборг,  Данска
Висина1,90 м
Маса76 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Кубека Асос
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
1996–1999
2000–2001
2001
2001
Силкеборг
Хамел
Диферданге
Тревиџани-Мапеи
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005–2009
2010–2011
2012–2018
2019-
Тим Факта
БанкЏироЛотери
Тим ЦСЦ
Тим ХТЦ-Колумбија
Лото-Белисол
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2012),
1 етапа ТТТ (2011)
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2010)

Етапни трки

Тур де л’Авенир (2005)

Еднодневни трки и класици

Париз-Бурж (2005)
Гран при де Фурмје (2012)
Ајндховен екипен хронометар (2006)
Национален друмски првак (2005)
Национален хронометарски првак (2007, 2008, 2009)
Последна промена
27 февруари 2019

Кариера уреди

Станал професионалец во 2002 година за Тим Факта, каде возел со сонародникот Алан Јохансен. Во 2004 обајцата се префрлиле во БанкЏироЛотери, каде Ларс Бак ја остварил својата прва професионална победа, но бидејќи екипата се распаднала по сезоната 2004, обајцата Бак и Јохансен морале да се префрлат во Тим ЦСЦ во 2005 година.

Бак го освоил данското друмско првенство и подоцна во сезоната ја покажал неговата сила и талент како надежен воза, бидејќи Бак освоил етапа и генералниот пласман на трката Тур де л’Авенир. Го освоил генералниот пласман спринтајќи за победа во група од четворица возачи на првата етапа, место кое го бранел следните девет етапи, вклучувајќи и хронометар и бројни ридесто-планински етапи.

Во 2011 година, конечно го остварил своето деби на Тур де Франс, каде работел силно за „возот“ на Марк Кевендиш и завршил со бегство на последната етапа. Бак се придружил на Лото-Белисол за сезоната 2012.[2]

Во 2012 година ја освоил дванаесеттата етапа на Џиро д’Италија.

Достигнувања уреди

2004
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
2005
1.   Национален друмски првак
1.   Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Париз-Бурж
2006
1. Ајндховен Екипен хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Баварија
2007
1.   Национален хронометарски првак
1. Етапа 5 Тур де Валони
2008
1.   Национален хронометарски првак
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 1 (ТТТ)
2009
1.   Национален хронометарски првак
6. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
1. Етапа 5
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2011
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
3. ГП Хернинг
5. Париз-Рубе
2012
1. Гран При де Фурмие
1. Етапа 12 Џиро д’Италија
10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2013
2. Краен пласман Трка околу Данска
2014
2. Краен пласман Трка околу Данска
2015
2. Краен пласман Трка околу Данска
6. Краен пласман Три дена Де Пане
2018
10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Големи трки 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро СО 16 126 72 94 56 90 СО 118 106
  Тур 152 96 108 82 37 173 123
  Вуелта 21 154

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Dimension Data finalise 2019 roster“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 22 ноември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  2. „Бак се надева дека конечно ќе ги најде негогите шанси со Лото-Ридли“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 октомври 2011. Посетено на 5 јануари 2012.

Надворешни врски уреди