Ландсберг (Саксонија-Анхалт)

Ландсберг (германски: Landsberg) — град во округот Зале, во покраината Саксонија-Анхалт во Германија со околу 12.000 жители. Ландсберг се наоѓа во поголемата урбана зона на Хале.

Ландсберг
Грб на Ландсберг
Ландсберг (Саксонија-Анхалт) во рамките на Германија
Ландсберг (Саксонија-Анхалт)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Зале
Градски единици 7
Градоначалник Олаф Хајнрих
Основни податоци
Површина 125 км2
Надм. височина 97 м
Население 15.068 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 121 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06186–06188
Повик. бр. 034602
Портал www.stadt-landsberg.de
Местоположба на градот Ландсберг во рамките на округот Зале
Карта
Карта
Координати 51°32′N 12°10′E / 51.533° СГШ; 12.167° ИГД / 51.533; 12.167

Најстариот доказ за населба во близината на Ландсберг е од новото камено доба. Првото документирано спомнување на населбата дошло во 961 како „civitas holm“ во документ од царот Отон I. Во 1579, Ландсберг ги добил градските права од војводите на Саксонија.

Видлив дури и далеку од градот е една од знаменитостите на Ландсберг, Двојната капела, изградена во романски стил на карпа. Се верува дека потекнува до дванаесеттиот век и припаѓала на замок, чии остатоци се единствено од ѕидот.

Надалеку познат во Ландсберг е Felsenbad („карпеста бања“), комплекс на базен со платформи за скокања, олимписки базен од 50 метри и огромен плиток базен, каде што непливачите може да се избањаат.

Грб уреди

Грбот на Ландсберг, првпат се појавил во доцниот 12. век и маргрофот од династијата Ветин, локални владетели од 10. век, го користеле како негов грб.[1] Архивирано на 5 февруари 2012 г.

 
Ландсбершката Doppelkapelle („двојна капела“)

Знаменитости уреди

  • Двојна капела на светиот крст (St. Crucis) (на сликата)
  • Градско собрание
  • Nicolaikirche (евангелистичка црква која потекнува од 13 до 15 век)

Делови на градот уреди

Ландсберг е поделен на 17 административни единици: Багериц, Дројсих, Голма, Гиц, Клепциг, Коквиц, Лонсдорф, Петерсдорф, Квајс, Рајнсдорф, Ројсен, Ројчген, Швец, Зич, Шпикендорф, Видерсдорф и Цвебендорф.

Наводи уреди

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди