Лав I (охридски архиепископ)

Лав I — византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1037 до 1056 година[1]. Тој бил првиот архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Лав I
Архиепископ од 1037
Архиепископ до 1056
Претходник Јован Дебарски
Наследник Јован II
Роден 10 век
Конија, Византија
Починал 1056
Други архиепископи со име Лав

Тој е роден во Пафлагонија, и пред да стане архиепископ во Охрид, долги години работел во Цариградската патријаршија како картофилакс. На архиепископскиот престол се качил по смртта на Јован Дебарски, најверојатно со помош на византискиот цар Михаил IV, кој исто така, по потекло бил од Пафлагонија.

Во времето кога Лав I бил охридски архиепископ била обновена црквата „Света Софија“ во Охрид

Во негово време била реконструирана катедралната црква Света Софија во Охрид. Тој учествувал во споровите околу Големиот раскол. Починал најверојатно во 1056 година, истата година на започнувањето на расколот помеѓу црквите.

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.