Лавов мост (Софија)

Лавовиот мост претставува едно од најфрекфентните места во централниот дел на Софија, Бугарија.

Лавов мост
Карта
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија
Мостот во 1910 година

Мостот бил изграден во текот на 1889 година. Пред истиот да биде изграден, на истото место се наоѓал стариот т.н. Шарен мост. Патот од мостот води кон булеварот Марија Лујза и Сливница, кои ги поврзува автобуската станица на градот. Под мостот минува Владајска река.

Мостот е долг 26 метри и широк 18 метри. На него се наоѓаат четири бронзени фигури на лавови, од каде доаѓа и името на мостот. Тие биле изработени од страна на виенската фирма „Вагнер Биро“.

Во периодот од 1999 до 2007 година, мостот се наоѓал на бугарската банкнота од 20 лева.[1]

Во текот на 2012 година, се очекува плоштадот да биде поврзан со Софиското метро.

Наводи уреди

  1. Bulgarian National Bank. Notes and Coins in Circulation: 20 levs (1999 issue) & 20 levs (2007 issue). – Посетено на 26 March 2009.

Надворешни врски уреди