Изразот куќна послуга се користи за означување на еден или повеќе слуги кои се вработени во домаќинствата на нивните работодавачи.

Вентворт Вудхаус од Целосна историја на округот Јорк од Томас Ален
Лонглеат куќа, Вилтшир, седиште на Маркизите од Бат

Зависно од големината на куќата, имотот и семејството, во едно домаќинство можат да бидат вработени од еден до голем број на слуги, често како дел од комплексна хиерархија.

Управување со домаќинството уреди

Куќи со големи поседи или семејства со повеќе од едно живеалиште вработуваат управител кој го надгледува работата на ваквата установа. Денес неретко среќаваме примери каде што брачниот пар ја споделува должноста за управување меѓусебно.

Куќен персонал уреди

Бројот на послугата и поделбата на работните задачи зависи од големината на имотот домаќинството или изборот на работодавачот, но генерално кај поголемите домаќинства домашната послуга е поделена во одделенија управувани од:

  • Батлер—Одговорен за сите вработени; задолжен за оставата, чајната кујна, винскиот подрум и собата за ручавање. Во помали куќи батлерот е истовремено и личен слуга на господарот. Машката послуга дава отчет кај него. Иако батлерот му служи на господарот, често дава отчет на господарката на куќата или на домаќинот. Батлерот обично има барем еден сопствен слуга.
  • Готвач—Одговорен за кујната и кујнскиот персонал. Понекогаш како главен е вработен шеф на кујна со неколку подредени готвачи. Готвачите обично даваат отчет на господарката, но понекогаш и на домаќинот.
  • Домаќин—Одговорен за изгледот на куќата; Главен/а на сите женски слуги. Во многу големи куќи домаќинства батлерот и готвачот му даваат на домаќинот. Домаќинот обично има барем по еден сопствен слуга.

Помошен персонал уреди

Јуниорски персонал уреди

Персонал на имот уреди

Управител е одговорен за одржувањето на имотот, негово планирање и изглед и помошните објекти (како базен, кабина, штала, стакленик итн.) Овие одговорности се поделени по следниве одделенија:

Помошен персонал уреди