Курбла (од германски: Кurbel) — свиткан дел од осовина или оска, или пак крак поврзан под прав агол со крајот на осовината, преку кое се добива или оддава движење; ова се користи и за промена на кружно во алтернативно движење, или пак од алтернативно во кружно (кружење). Познати примери за курблата се рачната мелачка за месо, педалниот систем со кој се вози велоспиед и сл.

Курблите порано се наоѓале често на некои машини; на пример, речиси сите грамофони пред 1930-тите биле на навивање со курбли, а пак моторите со внатрешно согорување кај автомобилите се палеле на курбла пред да се појави електричното палење. Мопедите и ден денес се палат со ножна курбла.

Поврзано уреди