Кунтур Васи (кечуански: Kuntur Wasi) во превод значи „куќата на кондорот“ е археолошко наоѓалиште во Перу. Составено е од рушевини на старо светилиште, каде имало објекти и скулптури, за кои се верува се од Чавинската култура. Наоѓалиштето бил откриен во 1945 година од Хулио Тело.

Поглед кон Кунтур Васи.

Кунтур Васи се наоѓа во северните планински предели на Перу, поточно на реката Хекетепеке во регионот на градот Кахамарка. За наоѓалиштето се верува дека било изградено во периодот од 1000 до 700 година п.н.е. Составено е од храм, платформи, двориште и комплекс соби, каде во една од собите има скулптура висока 75 см изработена од глина. Покрај тоа, во наоѓалиштето има и гробишта. Кунтур Васи бил населен од 1200 до 50 г.п.н.е.

Наводи уреди

  • Moseley, Michael. The Incas and Their Ancestors. 1992: Thames and Hudson.
  • Von Hagen, Adriana & Craig Morris. The Cities of the Ancient Andes. 1998: Thames and Hudson.

Поврзано уреди