„Кудуз“ е југословенски филм од 1989 година, во режија на Адемир Кеновиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Абдулах Сидран. Главните улоги ги играат: Слободан Ќустиќ, Снежана Богдановиќ, Бранко Ѓуриќ, Божидар Буњевац, Ивана Легин и Мустафа Надаревиќ. Музиката за филмот ја компонирал Горан Бреговиќ.

„Кудуз“
плакатот за филмот
РежисерАдемир Кеновиќ
ПродуцентБакир Тановиќ
СценаристАбдулах Сидран и Адемир Кеновиќ
Главни улогиБожидар Буњевац,
Бранко Ѓуриќ,
Ивана Легин,
Мустафа Надаревиќ
МузикаГоран Бреговиќ
ДистрибутерФРЗ Босна и РТВ Сарајево
Премиера15 март 1990
Времетраење105 минути
ЗемјаЈугославија
ЈазикСрпскохравтски

Синопсис уреди

Во мрачниот амбиент на градската периферија започнува приказната за локалната заводничка која се мажи за поранешниот затвореник Кудуз (го игра Ќустиќ), човек кој е растргнат од страстите. Почетните несогласувања и кавги меѓу младенците неизбежно водат кон трагичен крај на оваа врска и Кудуз извршува злосторство. За време на оваа бурна врска се одвива благородната и чиста љубов меѓу Кудуз и неговата петгодишна паштерка.[1]

Наводи уреди