Во кривично право, mens rea– - латински поим за „кривична намера“[1]– – вообичаено е еден од потребните елементи на кривично дело. Стандардниот тест за кривична одговорност во прецедентното право обично е изразен во латинската фраза, actus non facit reum nisi mens sit rea, што значи актот не го прави човек виновен освен ако и (неговиот) ум не е виновен исто така. Според тоа, во судските надлежности со правилен процес, мора да постои actus reus (кривичен акт) придружен од некој степен на mens rea (кривична намера) за да го создадат кривичното дело со кое се товари обвинетиот (види технички услов за совпаѓање на намерата и актот). Кривичниот закон обично не се применува за лице што дејствувало со отсуство на ментална одговорност; ова е општо правило.

Исклучок се кривичните дела со објективна одговорност (во граѓанското право, обично не е неопходно да се докаже субјективниот ментален елемент за да се утврди одговорност, на пример во случај на кршење на договор или прекршок, иако ако тоа е извршено намерно, тоа може да ја зголеми отштетата што треба да му се исплати на тужителот како компензација како и опсегот на одговорност).

Според тоа, сосема едноставно, кривичната намера (mens rea) се однесува на менталниот елемент на престапот што го придружува кривичниот акт (actus reus). Во некои судски надлежности термините mens rea и actus reus се заменуваат со алтернативна технологија. Во Австралија,, на пример, елементите на сите федерални престапи се означуваат како “елементи на вина“ (mens rea) и физички елемент (actus reus). Оваа терминологија беше усвоена за да се замени нејасноста на латинските термини со едноставен и точен избор на зборови.[2]

Видови елементи уреди

Според традиционалното прецедентно право, вината или невиноста на едно лице зависи од тоа дали тоа лице извршило кривично дело, actus reus, и дали имало намера да го изврши кривичното дело, mens rea. Сепак, многу модерни кривични закони создале степени на mens rea наречени видови вина што варираат зависно од елементите на кривичното дело: однесувањето, околностите и резултатот, или она што Кривичниот закон го нарекува CAR (conduct, attendant circumstances, result) (ОПР—однесување, придружни околности, резултат). Според тоа, дефиницијата за кривичното дело е составена со користење само на овие елементи а не сликовитиот јазик за mens rea во традиционалното прецедентно право:[3]

Убиството е незаконско убивање на едно човечко суштество со злонамера

— 18 U.S.C. §1111 (традиционално прецедентно право)

Едно лице извршува престап ако тој/таа:
(1)намерно, или со премисла предизвика смрт на друго лице

— дел од Кривичниот закон на Тексас глава 19 §19.02 (модерен елемент на престап)

Традиционалното прецедентно право и модерните дефиниции за елементите му пристапуваат на кривичното дело од различни агли.

Во пристапот на традиционалното прецедентно право, дефиницијата вклучува:

  1. actus reus (кривична намера): незаконско убивање на човечко суштество
  2. mens rea (кривична намера) злонамера

Модерното право ѝ приоѓа на анализата на различен начин. Убиството е “резултати“ кривично дело што забранува секакво однесување што е “намерно“ или “со премисла“ што резултира со смртта на друго човечко суштество. "Намерно" во оваа смисла значи дека чинителот поседува "цел" или "желба" неговата или нејзината цел (т.е. смрт на друго човечко суштество) да се исполни. "Со премисла" значи дека чинителот бил свесен или практично сигурен дека резултатот ќе биде смрт. Според тоа, на actus reus и mens rea елементите на убиство во модерен кривичен статут може да се гледа на следниов начин:

  1. acctus reus (кривична намера): Секое однесување што резултира со смрт на друго лице.
  2. mens rea (кривична намера) Однесувањето што резултира со смрт било намерно или со премисла.

Во модерниот пристап кон елементите на престап, придружните околности покажуваат тенденција да го заземат местото на традиционалниот елемент mens rea, покажувајќи го и степенот на вина како и други околности, т.е. кривичното дело кражба на владин имот како придружна околност би го вклучувал тоа дека имотот ѝ припаѓа на владата.[3]

Видови вина уреди

Степените на mens rea и разликата меѓу нив варираат помеѓу судските надлежности. Иако прецедентното право води потекло од Англија, прецедентното право на секоја судска надлежност варира во поглед на вината исто како што варираат и преседаните и статутите.

Англија уреди

  • Директна намера – чинителот има јасен предвид за последиците на неговите дела, и посакува тие последици да се случат
  • Скриена намера - резултатот е речиси сигурна последица или 'приближна сигурност' за делата на обвинетиот, и дека обвинетиот наоѓа задоволство што така се случило.[4][5][6]
  • Со премисла – чинителот знае, или треба да знае, дека е речиси сигурно дека резултатите од неговото однесување ќе се случат
  • Невнимателност – чинителот предвидува дека одредени последици може да се случат и продолжува со истото однесување, не грижејќи се дали тие последици реално се случуваат или не[7][8][9]
  • Кривична небрежност – чинителот реално не предвидел дека одредените последици ќе произлезат од неговите акции, но разумна личност, во истите околности, би ги предвидел тие околности.

Соединетите Американски Држави уреди

Глава 18 од Законот на Соединетите Американски Држави нема шема за вина но се потпира на потрадиционални дефиниции за кривични дела земени од прецедентното право. На пример, злонамера се користи како услов за извршување кривично дело казниво со смртна казна..[10]

Кривичен закон на американски правни институции уреди

Пред 1960-тите години, mens rea елементот во Соединетите Американски Држави беше несигурен, нејасен и збунувачки концепт. Оттогаш, формулацијата за mens rea образложена во Кривичниот закон била многу влијателна низ Северна Америка при разјаснувањето на дискусијата за различните видови вина..

  • Намерно - чинителот го има “свесниот елемент“ на вмешување во однесување и верува и се надева дека придружните елементи постојат.
  • Со премисла - чинителот е сигурен дека неговото однесување ќе доведе до резултатот.
  • Невнимателно - чинителот е свесен дека придружните елементи постојат, но сепак се вмешува во однесување од кое лице што почитува јавниот ред и мир би се воздржал.
  • Небрежно - чинителот не е свесен за придружните елементи и последиците од неговото однесување, но разумно лице би било свесно
  • Објективна одговорност - чинителот се вмешал во некое однесување и неговата ментална состојба не е важна

Непознавање на законот и mens rea (кривичната намера) уреди

Општото правило според законот на САД е дека “непознавање на законот или грешка на законот не е одбрана од кривично гонење.“ Види Чик против Соединетите Американски Држави (Cheek v. United Nations) 498 U.S. 192 (1991). Има исклучоци од ова правило што понекогаш се нарекуваат кривични дела до “специфична намера“,

Кривично дело со специфична намера. Кривично дело во кое обвинетиот мора не само да има намера да го изврши актот со кој се товари туку и да го прекрши законот. U.S. v. Birkenstock, C.A.Wis., 823 F.2d 1026, 1028. Дело во кое определена намера е неопходен елемент на самото кривично дело. Russell v. State, Fla.App., 373 So.2d 97, 98. Поврзано Mens rea; Специфична намера

- Black's Law Dictionary, Sixth Edition (Шесто издание)

На пример, во случајот на затајување данок според 26 U.S.C. ст. 7201 мора да се покаже дека обвинетиот има специфична намера да прекрши фактички позната правна обврска. Види Избегнување данок и затајување данок

Субјективни и објективни тестови уреди

Тестот за постоење mens rea може да биде:

(a) субјективен, при што на судот мора да му се докаже дека обвинетиот го имал неопходниот ментален елемент присутен во неговиот или нејзиниот ум во односното време (за намерно, со премисла, невнимателно итн.) (види совпаѓање на намера и акт);
(б) објективен, при што неопходниот елемент mens rea му се припишува на обвинетиот, врз основа на тоа дека разумна личност би го имала менталниот елемент во истите околности (за небрежност); или
(в) хибриден, при што тестот е и субјективен и објективен.

На судот ќе му биде малку тешко да го утврди елементот mens rea ако постои вистински доказ–– на пример, доколку обвинетиот дал прифатливо признание. Ова би го задоволило субјективниот тест. Но значителен дел од оние обвинети за кривични дела не прават такво признание. Оттука, некој степен на објективност мора да се земе како основа врз која потоа се припишуваат неопходните компоненти. Секогаш е оправдано да се претпостави дека луѓето со просечна интелигенција се свесни за нивните физички окружувања како и за простите закони за причина и последица (види причинско-последична врска). Според тоа, кога едно лице планира што ќе прави а што не, тој ќе ја увиди низата на можни резултати од даденото однесување на лизгачка скала од "неизбежно" до "веројатно" до можно" до "невозможно". Колку повеќе еден резултат тежнее кон "неизбежно" на скалата, толку поверојатно е дека обвинетиот го предвидел и го посакувал тоа, и затоа, посигурно е да се припише намера. Ако има јасен субјективен доказ дека обвинетиот немал предвидување, ама разумен човел би имал, хибридниот тест може да утврди кривична небрежност. Во однос на товарот на докажување, условот е тоа дека поротата мора да поседува висок степен на сигурност пред осудувањето. Ова резонирање ја оправдува малолетство, и со недостаток на ментална способност според M'Naghten правилата, и разните статути што ја дефинираат менталната болест како изговор. Очигледно, ако има пресумпција на doli incapax – односно, дека обвинетиот немал доволно разбирање за природата и одликите на неговите дела –– тогаш неопходниот елемент mens rea е отсутен без разлика на тоа кој степен на веројатност би можел во спротивно да биде присутен. За оваа цел, оттука, онаму каде што важните статути се тивки а прецедентното право треба да ја создаде основата за потенцијална одговорност, разумното лице мора да ги има истите интелектуални и физички квалитети како и обвинетиот, а тестот мора да биде дали обвинетиот со овие специфични атрибути би го имал потребното предвидување и желба.

Во Англискиот закон, дел 8 од Законот за кривична правда 1967 година дава законска рамка во која се проценува mens rea елементот. Вели:

Судот или поротата, при одредување дали едно лице извршило престап,
(a) нема да бидат обврзани со закон да заклучат дека тој имал намера или го предвидел резултатот од причини што тој бил природна ::(б) и веројатна последица од тие дела; но

ќе одлучат дали тој има намера или го предвидел тој резултат врз основа на сите докази, извлекувајќи такви заклучоци од доказите како што изгледа правилно во околностите. Според дел 8 (б), според тоа, на поротата ѝ е дозволен голем простор во примената на хибридниот тест за припишување намера или предвидливост (за целите на невнимателноста) врз основа на сите докази.

Важноста на мотивот уреди

Една од менталните компоненти што се доведуваат често во прашање е мотивотАко обвинетиот признае дека има мотив во согласност со елементите на предвидливост и желба, ова ќе се додаде на степенот на веројатност дека фактичкиот резултат бил намерен (го прави случајот на обвинителството поверодостоен). Но ако има јасни докази дека обвинетиот имал различен мотив, ова може да ја намали веројатноста дека тој/таа го посакувал/а суштинскиот резултат. Во таква ситуација, мотивот може да стане субјективен доказ дека обвинетиот немал намера, туку бил невнимателен или своеволно слеп.[се бара извор]

Мотивот не може да биде одбрана. Ако, на пример, некое лице провали во лабораторија што се користи за тестирање лекови на животни, прашањето за вина се утврдува со присуството на actus reus, т.е. влегување без согласност и штетата на имот, и mens rea т.е. намера за влегување и причинување штета. Тоа што лицето имало јасно изразен политички мотив да протестира против такви тестирања не влијае врз одговорноста. Ако мотивот има каква било важност, тоа може да биде искористено во делот од судењето кога се одредува казна, кога судот размислува за каква казна, ако воопшто некоја е соодветна.[се бара извор]

Невнимателност (Соединетите Американски Држави: "своеволно слепило") уреди

Во такви случаи, има јасен субјективен доказ дека обвинетиот го предвидел но не го посакувал тој резултат. Кога обвинетиот не успеал да го сопре односното однесување, тој го презел ризикот со кој се причинува загуба или штета. Секогаш има некој степен на намера вклучена во невнимателноста. Во текот на однесувањето, обвинетиот предвидува дека можеби некој друг става во ризик од предизвикување штета: Во тој момент треба да се направи избор. Доколку одлучи да продолжи, обвинетиот всушност има намера да го изложи другиот на ризик од такво повредување. Колку е поголема веројатноста дека тој ризик ќе се развие во предвидената повреда, толку е поголем степенот на невнимателност и,последователно, се дава казна. На пример, во прецедентно право, незаконско убиство извршено од невимание вообичаено би го создало кривичното дело намерно убиство од небрежност. Дело извршено со "екстремна" или "голема" невнимателност кон човечкиот живот ќе претставува убиство, понекогаш дефинирано како убиство со "расипано срце" или "напуштено и злонамерно срце" .

Кривична небрежност уреди

Тука, тестот е и субјективен и објективен. Има веродостоен субјективен доказ дека обвинетиот ниту го предвидел ниту го посакувал тој резултат, па според тоа се исклучуваат и намерата и невнимателноста. Но разумно лице со истите способности и умеења како и обвинетиот би предвидел и би презел мерки за заштита за да ја спречи да биде поднесена загуба и штета. Само мал процент од престапите се дефинираат со овој услов за mens rea. Поголемиот број од законодавствата претпочитаат да ја засноваат одговорноста или врз намера или врз невнимателност и соочени со потребата да ја утврдат невнимателноста како стандарден елемент mens rea за вина, оние што работат во поголемиот број системи во голема мера се потпираат на објективни тестови за утврдување на условот за предвидливост или невнимателност.

Белешки уреди

  1. Elizabeth A. Martin, уред. (2003), Oxford Dictionary of Law, Oxford: Oxford University Press, ISBN 0198607563
  2. Brent Fisse, "Howard's Criminal Law" (1990) 12-13.
  3. 3,0 3,1 Dubber p. 46
  4. R v Nedrick[1986]
  5. R v Woollin [1998]
  6. R v Matthews & Alleyne [2004]
  7. R v Cunningham [1957]
  8. R v G & R [2003]
  9. R v Caldwell [1982]
  10. Dubber p. 55

Извори уреди

  • Dubber, Markus D. (2002). Criminal Law: Model Penal Code. Foundation Press.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Retrieved from "http://en.wikipedia.org/wiki/Mens_rea"