Кралството Англија (927-1707) претставувало суверена држава која се наоѓало во северозападниот дел на континентална Европа. Кралството се протегало на британскиот остров, а во негов состав влегувале денешната држава Англија, Велс и неколку острови. На север кралството граничело со Кралство Шкотска. Главен град на Англија бил Винчестер, каде се наоѓала и главната кралска резиденција. Освен престолнината, големи центри во тоа време претставувале и Вестминстер и Глостер.

Кралство Англија
927–1649
1649–1660: Комонвелт
1660–1707

Знаме Coat of arms
Гесло
Dieu et mon droit  (француски)
"Бог и моето право"
Местоположба на Англија
Територија на кралството
Главен град Винчестер (пред 1066)
Вестминстерска (по 1066)
Јазици Староанглиски јазик (de facto, до 1066)
нормандски (де јуре, 1066 – 15 век)
средноанглиски (де факто, 1066 – по 15 век)
англиски јазик (de facto, од 16 век)
велшки јазик (de facto)
корнски јазик (de facto)
Вероисповед римокатолици до 1533, англиканци
Уредување Монархија
Монарх
 -  802-839 Егберт од Весекс (прв)
 -  1702–1707 Ана (последна)
Историја
 -  Обединување од Егберт од Весекс 927
 -  Норманско освојување 1066
 -  1535–1542 1536 и 1543
 -  Унија на Круните 1603
 -  Англиско безвластие 1649–1660
 -  Унија на Англија и Шкотска (1707) 1 мај 1707
Минати
Следни
Кралство Весекс
Кралство Мерсија
Кралство Источна Англија
Кралство Нортхумбрија
Кнежевство Велс
Кралство Велика Британија
Денес во  Обединето Кралство (Англија, Велс)

Создавањето на кралството и англискиот народ во целина започнало во текот на 9 век и 10 век. Претходно, периодот од 5 век до создавањето на кралството, денеска е познат како англосаксонски период од историјата на Англија. Кралството престанало да постои по обединувањето со Кралство Шкотска во 1707 година и формирањето на Кралство Велика Британија. И покрај сојузот со Шкотска, модерна Англија опстојувала како една од земјите на Обединетото Кралство.