Корниловиот пуч или Корниловата афера претставува наводен обид за државен удар од страна на командантот на руската армија, генералот Лавр Корнилов во август 1917 година против Руската привремена влада на чело со Александар Керенски.

Корнилов со своите војници

Александар Керенски слушнал за некој извештај дека болшевиците планирале да направат државен удар. Иако и самиот тој знаел дека ова е лага, тој во ова пронашол прилика да се ослободи од Корнилов, кој започнал да претставува закана и на самиот него. Верувајќи дека ќе добие поддршка од началниците, Александар Керенски ја вратил смртната казна во земјата на 12 јули. По една недела, во обид да се смири растечкиот конзервативен елемент во руското општество, во назначил Лавр Корнилов за командант на руската армија.

На 25 август 1917 година, Корнилов го испратил кон Петроград третиот вооружен корпус на чело со Александар Кримов и по наредба на премиерот Александар Керенски. Главна цел била неутрализирање на болшевиците и намалување на нивната улога во општеството. Со ова тој самиот добил шанса да ја нападне и Привремената влада и да стане воен диктатор. Сепак, под притисок на Петроградскиот совет, Керенски ја променил својата одлука а самиот ден, на 27 август тој бил сменет од позиција главен командант. По ова следувало апсење на Корнилов, а Кримов се самоубил.