Константин Бранкуши

Константин Бранкуши (21 февруари 1876, Романија - 16 март 1957, Париз, Франција) — француски вајар роден во Романија.

Константин Бранкуши
Brancusi
Константин Бранкуши во Париз, ц. 1905
Роден(а)февруари 19, 1876(1876-02-19)
Пештишани, Романија
Починал(а)март 16, 1957(1957-03-16) (возр. 81)
Париз, Франција
ПочивалиштеГробишта Монпарнас, Париз
НационалностРоманска
ОбразованиеУметничко училиште во Париз
Познат(а) поСкулптура
Значајни делаПтица во просторот
ПравецМодернизам
НаградиРоманска Академија
ПокровителиЏон Квин

Како дете станал вешт во резбање древни земјоделски алатки и подоцна студирал во Букурешт и Минхен и на Уметничкото училиште во Париз, поголемиот дел од патот од Минхен го изодел пеш.

Дела и изложби уреди

Првата изложба ја направил во Париз во 1906 година. Во 1908 година ја изработил „Заспаната муса“, под влијание на Родиновиот „Бакнеж“, неговото прво, оригинално дело. Развил геометриски стил, кој станал негов заштитен знак сведувајќи ги природните форми на апстрактна едноставност. Изложил пет од своите дела, вклучувајќи го и „Мадамозел Погани“, во 1913 година во Салонот Армори. Една од неговите најомилени теми била птица во лет; негово најпознато дело било „Птица во просторот“ изработено во исполирана бронза (1919). Преку бројните изложби во САД и во Европа, тој постигнал голема слава и успех. Бранкуши исто така се смета за пионер на современата апстрактна скулптура.

 
Атењето на Бранкузи во Париз, 1920, фотографија од Едвард Стеишен
 
Бранкузи (лево) со Хенри-Пјер Роше, Ерик Сати и Жан Роберт Фостер играјќи голф во 1923 година

Користена литература уреди