Клеман Адер Мире, 2 април 1841 - Тулуза, 5 март 1925) бил француски инженер и пронаоѓач.

Клеман Адер

Клеман Адер е првиот човек кој летал со авион т.н. летало кое има сопствен погон. На 9 октомври 1890 година прелетал со својот "Еол" 60 на метри. Клеман Адер го измислил и самиот збор авион кој останал до ден денес. Еолот повеќе личел на лилјак со крилја од растегната свила, а три четворокракни елиси ја придвижувале парната машина.А дер за конструација на својот авион ги потрошил сите пари со кои располагал, па веќе не можел да го усовршува авионот. Сепак тој е еден од пионерите на воздухопловството.