Кискис, што на кечуански јазик значи „мала птица“ бил еден од главните генерали или војсководци на Атахуалпа, покрај Чалкучимак и Румињахуи. Во април 1532 година, заедно со неговите соборци, Кискис ја предводел армијата на Атахуалпа за време на битката на Мулихамбато, битката на Чимборазо и битката на Кипаипан, каде ја победиле војската на Хуаскар. Покрај победата тие го убиле Хуаскар и неговото семејство и го зазеле главниот град на Тавантинсују - Куско. Понатака следеле битки и со Шпанците. При тие судири, Кискис пребегнал во Андите каде и загинал при битка во 1534.

Генералот и војсководец Кискис.

Поврзано уреди