Кисел дожд е израз кој означува дожд со пониска pH-вредност во споредба со природниот дожд. Сите дождови чијашто pH-вредност е пониска од 5 се сметаат за кисели дождови.

Предизвикувачи на киселите дождови.

Состав уреди

Главна компонента на киселите дождови е јаглеродната киселина која е слаба киселина и не ја намалува многу pH-вредноста на дождовите. Освен јаглеродната киселина, забележано е и присуство на сулфурна киселина (до 70%) и азотна киселина (до 60%), кои ја намалуваат pH-вредноста до 4,5. Во атмосферата има големо количество на SO2 и NO2 кои преминуваат во соодветните киселини: H2SO4 и HNO3. Освен овие киселини, киселите дождови содржат и хлороводородна киселина (до 6%), како и други органски киселини.

Распространетост уреди

Кон крајот на 19 век за првпат било забележано појава на дождови чија pH-вредност била пониска од pH на природните дождови, односно 5,6. Во Македонија биле забележани кисели дождови со pH-вредност од околу 4. Најкисели дождови досега се забележани во Шкотска во 1924 година, со pH-вредност од 2,4.

Киселиот дожд во популарната култура уреди

  • „Кисел дожд“ (англиски: Acid Rain) — песна на американската панк-група D.R.I..[1]

Наводи уреди